Берзите во Тирана и Истанбул потпишаа договор за соработка

Од:

Берзите во Тирана и во Истанбул потпишаа договор за соработка во присуство на албанскиот премиер Сали Бериша, на економскиот форум во албанската престолнина, посветен на енергетиката, пренесе БТА.

– Договорот ќе го искористи слободниот капитал на албанските претприемачи. Убеден сум дека тоа е најсигурниот начин за инвестиции, рече Бериша.

Албанскиот премиер истакна дека последните години биле најдобри во историјата на земјата во однос на енергетиката, и покрај тешкотиите во економијата.

Тој истакна дека во тој сектор се потпишани договори со различни земји за изградба на хидроцентрали во Албанија и додаде дека досега во земјата се изградени 53 централи, а десетици други се при крај со изградбата.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија

Закрепнуваат Мартин и Борис, последните двајца од повредените во пожарот во Кочани кои се лекуваат во Истанбул