Белгија: Цената на горивото достигна историски рекорд

Од:

Министерството за економија на Белгија информира денеска дека горивата повторно поскапуваат, цените достигнаа рекорд без преседан во земјата, јави дописничката на МИА од Брисел.

Од утре во Белгија бензинот 95 поскапува за 0,121 евро и со тоа сега чини 2,13 евра на пумпа, додека бензинот 98 достигна 2,3700. Иста е ситуацијата и со дизелот, вклучително и дизелот за греење кој поскапува до 1,31 за литар.

Причината за ова рекордно поскапување е зголемувањето на цената на нафтата, е со санкциите донесени вчера на ниво на ЕУ против руската нафта, ситуацијата дополнително ќе се влошува предупредуваат економистите.

По најавата вчера дека ЕУ воведува постепено ембарго врз нафтата од Русија, цените на светските берзи рипнаа.

Вчера во Белгија синдикатите се мобилизираа на национално ниво да протестираат против зголемувањето на цените на енергијата, но и на прехранбените производи, додека пак платите не следат. Синдикатите се бунат и поради рекордните профити на големите компании и акционерите во време на најголемата економска криза во последните 70 години.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски