Бектеши порача да не се произведува премногу струја оти нема каде да се складира вишокот

Од:

Министерството за економија, Регулаторна комисија за енергетика и Македонската енергетска асоцијација ќе ја доработуваат легислативата за да се дозволи складирање на вишокот произведена струја од обновливи извори во батерии.

Крешник Бектеши и првиот човек на МЕА, Кочо Анѓушев предупредија дека поради огромниот интерес за инвестирање во обновливи извори, пред се на фотоволтаични централи, државата може да произведува струја повеќе отколку што и е потребно, а да нема каде да го складира тоа производство.

„Имаме бум во делот на инвестиции во обновливи извори на енергија во државата, согласно податоците од ЕВН, МЕПСО и тоа што го имаме ние како Влада. Затоа би сакал и преку вас медиумите, да ги повикам сите потенцијални инвеститори внимателно да ги следат сите процедури, да не се наведеме на тоа да имаме многу поголемо производство отколку потребите кои ги има државата“, истакна Бектеши.

Анѓушев предупреди дека може се појави проблем со огромни вишоци на енергија произведени едновремено оти сите фотоволтаици во исто време произведуваат струја која засега не се складира.

„Не смееме во тој период да дозволиме да има големи вишоци со илјадници киловати бидејќи во тој случај нема да се знае што да се прави со таа енергија доколку дојдеме до таква точка. За да не се дојде до таа точка или ако веќе оди во таа насока работата на инсталирање на големи проекти во фотоволтаици, единственото решение е таа енергија да се складира. Едно од тие решенија е складирање во таканаречените батериски системи кои во последно време се хит и се единствено решение за овие проблеми. Тие треба да се опфатат и со легислативата во нашата држава во законските и подзаконските акти. На денешниот состанок ја инициравме таа постапка. Во законот ги има но легислативата треба да се доработи“, рече Анѓушев.

Би можело да ве интересира

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

Орце Костов

Електродистрибуција објави интерактивна мапа за капацитетот на трафостаниците за приклучување на фотоволтаиците

Орце Костов

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

Орце Костов

Бектеши: Победата во ДУИ не се дискутира, со СДСМ не сме блиску до договор за коалиција

Орце Костов

Бектеши: Одлуката за продолжување на рокот на замрзнатите цени дава простор Собранието да го усвои новото законско решение за нефер трговски практики