Бектеши ги претстави инвестициските проекти на Форумот во Прага

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши ги претстави актуелните инвестициски проекти во енергетскиот сектор и ги потсети инвеститорите за условите за водење бизнис во Република Македонија на Инвестицискиот форум Кина – Централна и Источна Европа што се одржува во Прага, Чешка Република.

На панел дискусијата за индустрија, енергија и нови технологии Бектеши ги најави новите политики кои ќе придонесат за следење на релевантните европски и светски трендови во областа на развојот на индустриското производство.

– Владата на Република Македонија е цврсто определена кон унапредување на условите за водење бизнис, што претставува основен индикатор за поволна клима за инвестирање. Правната регулатива не само што овозможува еднаква основа за странските vis-à-vis домашните инвеститори, туку обезбедува и бројни иницијативи за привлекување на вакви инвестиции, а бројни меѓународно познати и признати компании ги продолжија своите успешни деловни приказни во 14-те технолошко-индустриски зони, кои нудат бројни даночни, царински и други финансиски поволности, рече Бектеши.

Во делот на енергетиката, потсети дека Република Македонија, како членка на Енергетската заедница, се обврза да стане дел од Внатрешниот пазар на енергија во Унијата, а со самото тоа да ги стави високо на агендата прашањата за регионалното поврзување, поголемото искористување на обновливи извори на енергија, можностите за користење на проекти за енергетска ефикасност и примената на нови ефикасни технологии за производство на енергенси. Притоа, министерот за економија ги претстави актуелните проекти за поголемо искористување на хидропотенцијалот, интерконективните далекуводи, но и изградбата на ветерни, фотонапонски електроцентрали, како и термоелектроцентрали на биомаса и на биогас.

– За Владата на Република Македонија, изградбата на национален гасоводен систем, неговото поврзување со регионалните гасоводни системи, како и изградба на дистрибутивните системи за природен гас е еден од приоритетите во делот на изградба на енергетска инфраструктура, нагласи Бектеши.

Додаде дека согласно изработената Физибилити студија, во која се дефинирани три региони за изградба на оваа мрежа, во наредниот период треба да се отпочнат нови постапки за доделување на договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за проектирање, изградба, одржување и развој на дистрибутивната мрежа за дефинираните региони.

Во делот на индустријата и новите технологии, министерот Бектеши ја потенцираше неопходноста од зголемување на конкурентноста на производите и услугите како на домашниот, така и на странските пазари, станувајќи дел од интегрираниот глобален светски пазар.

– Ќе работиме на поттикнување на бизнисот во делот на финализирање на производи со поголема додадена вредност, преку иновациите и новите технологии. За таа цел, предвидени се реформи во образованието и поврзување на науката и бизнисот, што подразбира и инвестиции во технологијата и знаењето, рече Бектеши.

Тој испрати отворена покана до присутните да ја посетат Република Македонија и да ги исползуваат поволностите што земјата ги дава со цел зајакната економска соработка и економски развој.

Тридневниот форум се одржува под покровителство на претседателот на Чешката Република Милош Земан и премиерот Бохуслав Соботка, а во организација на Чешко-кинеската комора за соработка и Економскиот центар за соработка во Кина, а на него учествуваат 300 гости од НР Кина и над 500 гости од земјите на Централна и Источна Европа.

China Investment Forum 2017 има за цел да претстави конкретни проекти како примери и можности за другите земји, а форумот е продолжение на меѓународната иницијатива за соработка, иницирана од претседателот на НР Кина, насловена „Економски појас на Патот на свилата и поморскиот Пат на свилата на 21-от век“, која од 2013 година до денес обезбеди поддршка од повеќе од 100 земји и меѓународни организации.

Би можело да ве интересира

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал