Бектеши: 60 милиони денари за локален туризам и граѓани со ниски примања

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ја претстави новата владина мерка од 60 милиони денари за субвенционирање на домашниот туризам и граѓаните со ниски примања. Со овие средства ќе се обезбеди 5 дневен одмор во домашните угостителски капацитети, вон сезоната, на семејства со месечни примања до 22 илјади денари.

– По предлог на Министерството за економија, владата, само една недела по враќање на евтината тарифа на електрична енергија, донесе мерка со која им нудиме на работниците со примања до 22.000 денари да искористат годишен одмор, вон сезона, во туристичките центри на Република Македонија, сами или со членовите на потесното семејство во вкупна вредност од 15.000,00 денари, изјави министерот Бектеши.

Со оваа мерка, според Бектеши, покрај работниците, исто така имаат корист и туристички центри и хотели кои веднаш по завршувањето на летната сезона работат со минимален капацитет и на тој начин ќе им се помогне да го зголемат бројот на туристи надвор од туристичката сезона.

– Одморот ќе се организира во нашите туристички центри надвор од живеалиштето, каде што апликантите живеат за период не подолг од 5 дена, а потврдата ќе ја издаде Министерството за економија, според принципот” Прв дојден, прв услужен, рече министерот Бектеши.

Министерството за економија во наредните денови ќе објави два јавни повици: еден за интересот на хотелските објекти кои ќе добијат потврди од Министерството за економија и уште еден јавен повик за добивање на потврда за организирање на одмор за граѓаните.

Јавните повици ќе бидат објавени во дневните весници и веб страната на Министерството за економија, каде што ќе може да се најдат подетални информации.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана