БДП зголемен за 2,2 отсто соопшти Статистика

Од:

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, добиени од годишните сметки на деловните субјекти и други извори, бруто-домашниот производ во 2022 година изнесувал 803 141 милион денари и во однос на 2021 година е номинално зголемен за 10.1 %. Реалната стапка на раст на БДП во 2022, во однос на 2021 година,
изнесува 2.2 %.

Најголемо учество на додадената вредност со 19.2 % во структурата на БДП во 2022 година имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.

Финалната потрошувачка во 2022 година во структурата на БДП учествува со 84.9 %.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2022 година изнесува 74.0 %. Вредноста на инвестициите во основни средства во 2022 година изнесува 188 980 милиони денари.

Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 56.8 %, машините и опремата со 33.1 %, а останатите инвестиции со 10.0 %.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Растот на македонската економија за наредната година е повеќе од 3,5 отсто

Јавниот долг на Велика Британија достигна 100 отсто од нејзиниот БДП

Во август угостителските услуги поскапеле за 5,1 отсто на годишно ниво

Горан Наумовски

Угостителските услуги за една година поскапеле за 6,3 отсто

Од земјава годишно се иселуваат 12 илјади луѓе, за пет децении Македонија ќе има 1,3 милиони жители

Катерина Ѓуровски

Ангеловска-Бежоска: Поради родовата нееднаквост губиме околу 18% од БДП годишно

A1on