БДП на Кина со раст од 3,2 отсто во вториот квартал од годината

Од:

Кинеската економија се врати на растот во вториот квартал по длабокиот пад на почетокот на годината, но домашната потрошувачка и инвестициите останаа кревки како резултат на корона кризата, што укажува на потребата за понатамошна политичка поддршка за зајакнување на закрепнувањето.

Бруто домашниот производ на Кина (БДП) се зголеми за 3,2 проценти во вториот квартал во однос на претходната година по наглиот пад од 6,8 проценти во првиот квартал, покажуваат податоците објавени денеска од Националното биро за статистика (НБС).

Ова е побрз раст отколку што очекуваа економистите, кои предвидоа 2,5 проценти економска експанзија.

Од друга страна, БДП во периодот април-јуни забележа скок од дури 11,5 проценти во однос на првите три месеци од 2020 година, објави Бирото за статистика. Ова далеку ги надминува предвидувањата дека БДП се очекува да порасне за 9,6 проценти на квартална основа.

Во однос на полугодишните показатели, кинеската економија се намали за 1,6 проценти во првите шест месеци на годишно ниво.

Аналитичарите предвидуваат дека надлежните органи ќе продолжат со мерките за финансиска поддршка на стопанството во втората половина на годината, со цел да се поттикне заживување на економската активност.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија