Кредитни барања за третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, Ковид 3, која ја реализира Развојна банка на Северна Македонија може да се поднесуваат од вечер на полноќ. Третата бескаматна кредитна линија се реализира со финансиска поддршка од Европска Унија преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата во вкупен износ до 30 милиони евра и со буџетска поддршка во износ од 1 милион евра.
Кредитната линија, како што информираат од Развојната банка, е за микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии чие работење е погодено од КОВИД-19, а се мери преку падот на приходите од најмалку 20 отсто.
Јавниот повик е отворен за поднесување кредитни барања од 16 декември 2020 година од 00:01 часот до 30 декември 2020 година заклучно со 23:59 часот, односно барања се поднесуваат вкупно 15 дена.
Аплицирањето, како што наведуваат, се прави исклучиво електронски на е-маил адресата [email protected]
За потврда дека е-маил апликацијата е пристигната во РБСМ, апликантите треба да добијат автоматска порака како одговор од [email protected]
На веб страницата на Банката има техничко упатство кое треба да се следи при аплицирањето.
Обработката на кредитните барања, посочуваат од РБСМ ќе биде хронолошка како што се пристигнати кредитните барања на [email protected] и ќе започне по завршувањето на јавниот повик.