Банките во Лондон се подготвуваат да се преселат од Британија

Од:

Асоцијацијата на британските банкари (ББА) предупреди дека големите банки се подготвуваат, после изгласаниот Брегзит, да се преселат од Велика Британија.

Таквиот процес би почнал уште во првата половина на идната година, за кога е најавено почнување на преговорите меѓу Лондон и Брисел за раздружувањето со ЕУ.

– Нивните раце веќе треперат за да го притиснат копчето што треба да ги одведе на друга локација, вели претседателот на ББА, Ентони Браун, во авторски текст објавен во неделникот „Обсервер“.

Браун ја критикува дебатата што сега се води во британската јавност, а посебно меѓу политичарите, околу Брегзит, за тоа каков Брегзит и е потребен на земјата пореферендумот од 23 јуни, тврдејќи дека ја води Британија во погрешна насока.

Според овој банкарски експерт, банкарството е најмногу погодено од изгласаното напуштање на ЕУ, но предупредува дека овој сектор е и најмобилниот за селење од сите други во домашната економија.

– Банкарскиот сектор е најголемата извозна индустрија на Британија и тоа не треба да се растури, вели Браун, објаснувајќи дека банките може да им се на услуга на Британците и од странство.

Проценка на Ентони Браун е дека најголемиот страв кај банкарите предизвикува дилемата што доминира и во јавната дебата во Британија, за тоа дали земјата треба да остане во заедничкиот пазар на ЕУ, или и него да го напушти, што би значело владата да се определи за „тврд“ Брегзит.

Останувањето на тој пазар меѓутоа бара од Лондон да ги прифати обврските што за пристап до пазарот ги барааат ЕУ и прописите што одамна се определени.

Премиерот Тереза Меј, пак, иако по изборот на оваа функција заговараше „мирно и уредно“ излегување од ЕУ , сега порачува дека Британија ќе ги затвори границите за државјаните на ЕУ, кои веќе се нарекуваат мигранти и „по никаква цена’ нема да дозволи слободен влез за работа во Британија, за европските државјани, што претставува „тврд“ Брегзит.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он