Банките со олеснети услови за кредити на населението, заострени кај претпријатијата

Од:

Условите за кредити на населението во последниот квартал од 2014 година се олеснети, додека кај претпријатијата тие се заострени, а побарувачката и во двата сегмента е зголемена, покажуваат податоците од кредитната активност на банките за тој квартал.

Анкетата покажува дека заострувањето на условите произлегува од поригорозните барања за обезбедување, кои за банките веќе трет последователен квартал се фактор со рестриктивно влијание врз вкупните кредитни услови.

Факторите кои делувале врз кредитните услови се поврзани со очекувањата за перспективите на поединечните фирми и економски гранки, какои трошоците поврзани со капиталната позиција на банката.

Банките во анкетата укажуваат на намалена цена на корпоративните кредити која е двојно поголема.

Побарувачката на кредити од претпријатијата забележала зголемување од 31,8 на 51,6 отсто во последниот квартал.

За зголемување на побарувачката најмногу влијаеле инвестициите во залихи и обртен капитал, како и преструктуирање на долгот. Влијание има и потребата за инвестиции во основни средства.

Во наредниот период, банките очекуваат натамошно нето зголемување на побарувачката на корпоративните кредити со умерена поголема динамика во однос на очекувањата дадени во минатата анкета.

Кај кредитите на населението во последниот квартал е забележано најголемо олеснување од почетокот на годината особено кај станбените кај кои олеснувањето е историски од 2006 година од кога се спроведува анкетата. Олеснувањето на кредитните услови продолжи и кај потрошувачките кредити.

Олеснувањата се во најголем дел извршени преку камантната стапка, особено нагласено кај станбените кредити.

Би можело да ве интересира

Годишен раст на зелените кредити од 26 отсто во првиот квартал од 2024 година

„Во каса остана само банкнота од 100 долари“: Москва Тајмс тврди известува за недостиг на девизи во банките во Русијa

A1on

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за натамошно зајакнување на отпорноста

A1on

Кредитите кај нас нема наскоро да поевтинат: Има само тренд на привремено стабилизирање на поскапувања, сметаат од НБРМ

A1on

Во септември годишен раст од 8,9% на вкупните депозити и 5,8% на кредитите