Банкарите најавуваат пониски камати на кредитите

Од:

Се очекува намалување на каматите на кредитите. Трендот е присутен, но намалувањето оди постепено, рече денеска Ѓорѓи Јанчевски, претседател на Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија.

– Намалувањето на каматната стапка на благајничките записи што го направи Народната банка е сигнал за банките. Имам информации дека некои банки веќе ги намалија каматите на депозитите поради што се очекува и намалување на каматите на кредитите. Сепак, тоа нема да биде радикално, истакна Јанчевски на седницата на Здружението.

Во 2009 година просечната камата беше 9,3 отсто, а лани 7,3 проценти.

Според Јанчевски, глобалната криза што се почувствува и во Македонија повеќе се одрази во реалниот сектор додека банкарството остана стабилно, со висока ликвидност и профитабилност која постепено се намалува. Во 2012 година, заклучно со 30 септември, во однос на 2011, билансите на банките се пораснати за 2,4 отсто, на кредитите за 5,4, а на депозитите за 5 проценти. Генерално, станува збор за пораст на депозити на населението.

– Кризата во реалниот сектор имаше влијание и во банкарството. Процентот на нефункционалните кредити се зголеми од 9,5 на 11,6 отсто, истакна Јанчевски.

Иако БДП е намален и изнесува, посочи, околу нула, банките не престанаа со кредитна активност, но процесот, сепак, е забавен.

Во Македонија фунцкионираат 17 банки од кои 12 се со доминантен странски капитал. Трите најголеми располагаат со 65 отсто пазарен удел во секторот. Капитализираноста е се уште висока, околу 17 отсто, што го подобрува чувството на стабилност и сигурност.

Банкарите бараат допрецизирање на дел од постојните законски одредби и регулирање на работењето на штедилниците на едно место.

Би можело да ве интересира

Годишен раст на зелените кредити од 26 отсто во првиот квартал од 2024 година

„Во каса остана само банкнота од 100 долари“: Москва Тајмс тврди известува за недостиг на девизи во банките во Русијa

A1on

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за натамошно зајакнување на отпорноста

A1on

Кредитите кај нас нема наскоро да поевтинат: Има само тренд на привремено стабилизирање на поскапувања, сметаат од НБРМ

A1on

Во септември годишен раст од 8,9% на вкупните депозити и 5,8% на кредитите