Бајден ги повика нафтените компании да не ги зголемуваат цените на горивата злоупотребувајќи го ураганот Иан

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден ги повика нафтените компании да не ги зголемуваат цените на горивата злоупотребувајќи го ураганот Иан, кој се приближува до Флорида и може да предизвика големи разурнувања, јавува Анадолија.

Бајден зборуваше на конференција за глад, исхрана и здравје одржана во Вашингтон. Тој го коментираше и ураганот Иан, кој може да го погоди брегот на Флорида и да предизвика големи разурнувања.

Бајден рече дека разговарал со локалните власти и дека федералните власти ќе направат се што можат за да помогнат. Американскиот претседател го повика населението да внимава на предупредувањата на надлежните и да ги напушти подрачјата за кои е издадено предупредувањето.

„Не го злоупотребувајте ураганот за да ја зголемите цената на нафтата. Цените на нафтата паѓаат и треба да продолжат да паѓаат. Експертите велат дека ураганот ќе погоди само два отсто од производството на нафта во САД и тоа за кратко време. Оваа привремена бура не може да биде изговор за зголемување на цените“ – смета Бајден.

Би можело да ве интересира

Трамп го обвинува Бајден за економскиот пад на САД, тврди дека царините не се поврзани

(ВИДЕО) Бајден го одржа првиот говор откако ја напушти Белата куќа, веднаш го нападна Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силен ураган во Русија, повредени се 11 лица

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Трамп им го забрани пристапот до доверливи информации на Бајден, Харис и Хилари Клинтон

Трамп: Расипаниот Бајден не доведе во вистински хаос со Русија