Азија „плива“ во пари

Од:

Според оценките на Светската банка, актуелните монетарни резерви на државите од Азија изнесуваат околу 4.300 милијарди долари што претставува товар за Кина, Јужна Кореја и уште некои други држави на забрзаниот економски развој поради вештачкиот раст на националната валута која го загрозува извозот.

Централната банка на Јужна Кореја мораше да ја намали каматната стапка, во обид да го намали растот на вредноста на националната валута, за да се спречи и падот на извозот, пренесе „Франс прес“.

Монетарните власти на Индија, Австралија, Нов Зеланд, Тајланд и Филипини, беа приморани да посегнат по иста мерка.

Според податоците на Светските банки, инвестираната сума во фондовите на азиските обврзници скокна за 42 проценти во првите три месеци од оваа година во однос на истиот период пред една година, достигнувајќи вредност од 64 милијарди долари.

Монетарните резерви на азиските држави во првиот квартал од 2013 година се зголемени за 120 милијарди долари и достигаат вредност од 4.300 милијарди долари.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

СДСМ: Македонија на дното во регионот по економски раст и според Светска банка

СДСМ: И според Светска банка, Македонија ќе биде на дното во регионот по економски раст

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови