Претседателот на Стопанска комора Бранко Азески кој денеска ја посети Млекара АД Битола, оцени дека состојбата во млекопроизводството е неповола. Секоторот, според него, се соочува со предизвици.
Азески е сепак убеден, како што изјави, дека ситуацијата ќе биде надмината.
-Многубројни се предизвиците со кои се соочува млечниот пазар, но убеден сум дека со помош на иницијативите на Бимилк и на Групацијата ќе успееме заедно да се избориме со неповолните состојби во млекопроизводството. Големите производни потенцијали на Млекара Битола, добриот имиџ и изградената доверба кај македонските потрошувачи се и повеќе од доволен показател за способноста на компанијата да се носи со предизвиците, рече Азески.
Неопходно е, додаде, спроведување повеќе иницијативи со цел унапредување на млечната индустријата која е еден од најважните сегменти на агроиндустрискиот комплекс.
Млекара АД Битола е претседавач на Групацијата на производство, откуп и преработка на млеко во рамки на Стопанската комора.