Азески: Раздолжувањето кон стопанството очекуван потег

Од:

За претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески целосното раздолжување од страна на Владата кон бизнисот е очекуван потег.

– Во ниеден момент не се сомневав во тоа што го вети премиерот, дури и немаше притисоци на компаниите во целиот овој период што значи дека редовно се подмируваат обврските. Се наоѓавме во исклучително тешка ситуација со ликвидноста во средината на минатата година и тој проблем го исфорсиравме и во јавноста и во контактите со Владата и мислам дека правовремено се реагираше зашто ако не дојдеше до тоа, последиците ќе беа многу сериозни, изјави Азески во одговор на новинарско прашање на денешната заедничка прес-конференција со министерот за образование и наука Панче Кралев.

За стопанството, нагласи, во овој момент и во услови на ваква криза каква што владее во клучните земји и надворешно-трговски партнери за Македонија, секоја работа па макар и минимална е огромна помош.

– Треба да се издржи и затоа секаква, и мала помош на државата, мала помош на меѓународните финансиски структури за компаниите во овој момент имаат огромно значење. Нашето работење е доведено до работ на рентабилноста и тоа мора да се задржи, да не одиме подолу затоа што тие импликации потоа ќе бидат многу тешки, посочи Азески.

Додаде дека предвидвањата на меѓународните институции за годинава се исполнуваат, што, како што рече, значи дека растот во четирите земји, клучни партнери за Македонија – Германија, Италија, Бугарија и Грција ќе биде многу проблематичен, на нула или под нулата.

– Ние не очекуваме таму некакво зголемување на побарувачката на нашите производи и затоа целата активност ја свртивме кон обезбедување алтернативни пазари во земјите од Кавкаскиот регион, Блискиот Исток и Северна Африка. Тој процес ќе потрае сигурно во наредните неколку години. Се надеваме дека по 2015 година ќе дојде до намалување на ударите на големата криза која владее во Европа, истакна Азески.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со бизнисот ќе се заокружи инвестициска активност од 700 милиони евра, да креираме систем кој ќе донесе подобра иднина и повеќе работни места

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски

„Бехтел и Енка“ бара од Стопанска Комора да им обезбеди 4.000 работници за работа на автопатите

A1on

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност