Азески: Проблеми со ликвидноста кон средината на мај, а со извозот во почетокот на јуни

Од:

„Почнуваат големите проблеми за бизнисот“, вака е насловена денешната порака на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески во која тој прави куса анализа и најавува нов пресек на состојбите врз основа на кој до Владата ќе биде изнесен ставот – како приватниот сектор гледа на помошта што треба да ја добие од државата.

Азески во пораката објавена на сајтот на комората, пишува дека според информациите кои секојдневно стигнуваат од компаниите, прашањето за ликвидноста прво ќе затропа, веќе кон средината на наредниот месец, а речиси е сигурно дека почетокот на јуни ќе биде дочекан со проблеми во извозот зашто сега нарачките се сведени на минимум што значи дека третиот квартал од годината може да биде катастрофално лош.

-Интензивните контакти што секојдневно се одвиваат на релација компании – Стопанска комора на Македонија, многу отворено зборуваат дека се наоѓаме пред портите на големите проблеми кои ни претстојат. Од нас се бара енергична реакција во правец на реално информирање на Владата за моменталната состојба и очекуваме адекватен одговор за поддршка на компаниите во однос на така констатираните проблеми. Според наши сознанија, на почетокот на јуни ќе има проблеми металопреработувачката индустрија, а од јули и останатите гранки. Се најавуваат и проблеми при увозот, со оглед на актуелната ситуација и кај добавувачите, пишува Азески.

Воедно ифнормира дека раководството на Стопанската комора одлучи во текот на оваа недела да направи пресек на состојбата меѓу членките и врз основа на тој пресек до Владата да го изнесе ставот – како гледа на помошта што треба да ја добие приватниот сектор.

-Од Владата очекуваме на едноставен и прецизен начин да изнесе со колку средства, во кои рокови и кои дејности ќе бидат поддржани. Исто така, јавно ќе соопштиме дека сме подготвени по завршувањето на кризата да партиципираме во враќање на средствата назад во државниот буџет. Ние успеавме јавно да ги наметнеме сите прашања кои ја мачат македонската економија, сите прашања кои долго време беа запоставувани, сите прашања кои можат да го најдат патот кон остварување на клучните цели – владеење на правото, елиминирање на корупцијата, целосна рационализација на сите субјекти во државата. Понатаму, ќе се сконцентрираме на главните барања за итна финансиска поддршка без големи администрирања и комплицирања, насочена спрема оние дејности и гранки што можат да ја рестартираат економијата после завршувањето на здравствената криза, наведува Азески.

Сепак, додава, не е се црно во време на оваа криза, а тоа секојдневно го покажуваат стопанствениците – членки на комората.

-Оваа недела „МИК“ – Свети Николе ќе го одбележи заокружувањето на инвестицискиот циклус во вредност од милион евра, со поставувањето на фотоволтаична централа која ќе придонесе за подобрување на енергетската ефикасност и намалување на јаглеродниот ефект, како и за добивање на европски извознички број, кој на компанијата и дава нови можности и перспективи во идното работење, а за тоа што им изразувам јавна пофалба. Дополнително, како претседател на комората, изразувам јавна благодарност до Управата за јавни приходи и јавна пофалба за нашата стручна служба, кои неделава ќе организираат бесплатна „онлајн“-обука, на која за компаниите на практичен начин ќе се презентираат усвоените мерки за помош на стопанството за справување со последиците од здравствено-економската криза предизвикана од корона вирусот КОВИД-19, стои во пораката на Бранко Азески.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со бизнисот ќе се заокружи инвестициска активност од 700 милиони евра, да креираме систем кој ќе донесе подобра иднина и повеќе работни места

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски

„Бехтел и Енка“ бара од Стопанска Комора да им обезбеди 4.000 работници за работа на автопатите

A1on

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност