Забраната што ја воведоа турските власти за влез на македонски транспортери во земјата, како дел од тамошните мерки за заштита од коронавирусот, сериозно ги погодува нашите компании кои вршат извоз и увоз во и преку Турција за азиските пазари, соопшти Стопанската комора на Македонија.
Поради тоа, претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески вчера со писмен допис се обратил до неговиот колега, претседателот на Унијата на комори и стокови берзи на Турција, Рифат Хисарчиклиоглу и го замолил во рамките на неговите овластувања да се заложи за надминување на постојниот проблем.
– Целта е да им се помогне на македонските транспортери и да им се овозможи слободен проток на стоки меѓу нашите две земји, информира Стопанската комора.