Азербејџан го отфрли барањето на Грција за намалување на цената на природниот гас

Од:

Азербејџан го отфрлил барањето на Грција за намалување на цената на природниот гас, што ќе се испорачува по Трансјадранскиот гасовод – ТАР, соопшти грчкиот сајт њуз.ин.

Официјален Баку, исто така, одбил да се согласи со грчкото барање за воведување такса за транзитот на природниот гас преку грчка територија.

Негативниот одговор на овие барања, што ги доставил грчкиот министер за индустриско преструктуирање Панајотис Лафазанис, го дала азербејџанската нафтена компанија СОКАР, која е еден од главните акционери во проектната гасоводна компанија.

Аналитичарите сметаат дека одбивањето на азербејџанската страна се должи на одлуката на Европската комисија на подолг рок да ја замрзне процедурата за истрагата, на која се согласи, за купување на грчкиот национален дистрибутер на гас од страна на азербејџанската компанија СОКАР, без, меѓутоа, да ги објасни причините поради кои се одлучи на таквиот чекор.

– Грчкото барање за намалување на цената на природниот гас, што Грција ја договори за да купува од гасоводот ТАР, не одговара на меѓународната пракса, изјави потпретседателот на СОКАР Елшид Назиров.

Тој објасни дека според договорот, преговорите за продажните цени на синото гориво можат да се водат само после многу драстични промени на меѓународните цени. Двете страни, грчката гасна компанија и СОКАР,  во 2013 година го потпишаа договорот за годишна испорака на една милијарда кубни метри азербејџански гас преку ТАР.

Елшид Назиров посочи дека евентуалното намалување на цената не зависи ниту од азербејџанска, ниту од грчка страна, туку барањето треба да се адресира до компаниите, што го сочинуваат
конзорциумот на гасоводот. 

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица