Пратеникот на Народната партија на Австрија (ОВП) и потпретседател на Европскиот парламент, Отмар Карас, бара монетите од едно и две евра да се заменат со банкноти.
Според него, банкнотите се побезбедни, поевтини и полесни. Потпретседателот на Европскиот парламент укажува дека банкнотата од еден долар во САД е најраспространета банкнота.
Карас истакна дека смата дека денеска не постои ниту еден аргумент против банкнотата од едно и две евра.
Бројот на лажни банкноти во ЕУ е во пораст, потсети тој, додавајќи дека минатата година од продавниците и банките од оптек се повлечени вкупно 184.000 лажни монети, за 17 отсто повеќе отколку една година порано.
Во ЕУ е во тек дебата за укинување на монетата од еден и два цента, бидејќи Европската комисија дошла до заклучок дека производството на најмалиот апоен на еврото довела загуби во висини од 1,4 милијарда евра.
Брисел предложи четири опции што почнуваат од заддржување на монетата, до промена на легурата кон поевтина варијанта, па се до повлекување од платниот промет. Меѓутоа, Европска комисија воочи страв кај граѓаните од опцијата повлекување на монетата заради загрижноста дека тоа би можело да води кон инфлација.