Aвиокомпанија „Eмирати“ ги откажа нарачаните 70 „Eрбаси“

Од:

Авионската компанија „Емирати“, со седиште во Дубаи, ја откажа нарачката на 70 широкотрупни авиони „Ербас А350“.

Според компанијата, ваквата мерка е донесена за да се направи детална ревизија на потребата за дополнување и видоизменување на воздухопловната флота на „Емиратите“.

Договорот меѓу оваа најзначајна блискоисточна авиокомпанија и „Ербас“ беше потпишан во 2007 година. Вредноста на зделката изнесува 16 милијарди американски долари, а првиот авион требаше да биде испорачан во текот на 2019 година.

Претставник на „Ербас“ изјави дека откажувањето од зделката е дојдено во „последен момент“ и без претходни најаву. Тој призна дека станува збор за досега најголемото откажување на една веќе договорена нарачка на патнички авиони.

Одлуката на „Емирати“ претставува удар за компанијата „Ербас“, како и за производителот на моторите за авионите, британската компанија „Ролс Ројс“.

Британската фирма наеднаш се соочува со помалку работа во вредност од 2,6 милијарди фунти.

„Ролс Ројс“ која една деценија бележи успешни производно-финансиски резултати, во февруари оваа година првпат предупреди дека постои „закана за профитот“ на компанијата, затоа што претходно беа намалени нарачките и за воени авиони.

Откажувањето на зделката со „Емирати“ предизвика пад на вредноста на акциите кај „Ербас“ за четири и на „Ролс Ројс“ за 1,9 отсто.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Пронајдени две тела во опрема за слетување на авион JetBlue на аеродромот во Флорида

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Драма на небото над Белград: Авионот се судри со јато птици