Асоцијација ИВАП бараат средба со Владата и решение за нивната работа најдоцна до 29 март

Од:

„По неколку неуспешни обиди да стапиме во контакт со вас или некој од членовите на Владата задолжени за прашањето кое не засега, приморани сме на ваков чин,т.е. јавно да ви се обратиме. Ние, членовите на Асоцијацијата ИВАП како и целата заедница на компании која се занимава и работи во секторот организација на настани сме доведени во крајно незавидна и тешка состојба. Веќе една година секторот не работи или работи делумно, со крајно ограничувачки фактори и економски неисплатливи проекти“, велат од Асоцијација ИВАП.

„Тоа значи дека компаниите и вработените се оставени без основна можност за приход или заработка за живот. Се обидовме да бидеме конструктивни, да не придонесуваме за ширење на заразата, не вршевме притисок врз вас и имавме разбирање за ситуацијатаво која ситесе наоѓаме. За жал, не го добивме истиот пристап и од Ваша страна. Ни го ограничивте основното човечко право да работиме и да заработуваме, а притоа на ниту еден начин несе обидовте да ни помогнете! Донесовте пакет мерки кој го наменивте за нас. Тој пакет мерки ниту е ставен во функција ниту ќе придонесе за олеснување на нашата тешка состојба. Почитуван Премиере, нашето трпение е пред крај. Немаме друг избор освен да се бориме за нашите компании, за нашата егзистенција и за нашите колеги. Бараме средба со вас или со некој од Вашите министри задолжени за овие прашања, како би можеле итнода изнајдеме решение“, се вели во писмото до Владата на РСМ од Асоцијација ИВАП.

Оттаму истакнуваат дека очекуваат средба најдоцна до 29 март оваа година.

„Доколку не бидеме повикани и доколку итно не се најде решение, ќе бидеме приморани да го искористиме нашето право решенијата да ги бараме на поинаков, за жал, радикален начин. Искрено ве замолувамеда не нé терате нашата едногодишна тишина да ја претвориме во голема врева, која нема да престане се додека не се исполнат нашите барања“, се наведува во писмото до Владата на РСМ од Асоцијација ИВАП.

Би можело да ве интересира

Трет ден протести на Ивент индустријата пред Влада

Ана Ололовска

Ивент-индустријата продолжува со протести пред Владата и денеска

Ана Ололовска

ИВАП: Компаниите од индустријата за организација на настани се пред колапс

Ана Ололовска

Ивент индустријата од денес на протести пред Влада

Ана Ололовска

ВИДЕО: „ПОМЕН – една година тишина“, компаниите за организирање настани протестираа пред Владата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Ивент компаниите в понеделник на собир ќе побараат од Владата да изнајде начин и да им помогне

Ана Ололовска