Директорот на ЈП Македонски Железници Инфраструктура – Скопје, Ирфан Асани, учествуваше на шестиот меѓународен Самит за железници, што се одржа во изминатите два дена во Прага.
– Асани оствари средби со делегати и експерти на консултативни состаноци, а присуствуваше и на сесии на конференцијата на кои излагања имаа претставници од Меѓународната унија на железници, Директоратот за мобилност при Европската Комисија, Заедницата на европски железнички и инфраструктурни компании и Агенцијата за железници при ЕУ, соопшти ЈП МЖ Инфраструктура.
Самитот беше посветен на развивање на железничката инфраструктура и транспортот по железница со цел поголема поврзаност, мобилност и соработка, развојот на Трансевропската транспортна мрежа (TEN-T) како и на справување со предизвиците за подобрување на искуствата на патниците и задоволство кај клиентите – корисници на железнички услуги.