Априлската инфлација во Албанија 6,2 отсто, највисока во последните две декади

Од:

Ценовната криза на светските пазари се повеќе удира по џебот на албанските граѓани. Силниот раст на цените, особено на храната и горивата, предизвика инфлација од 6,2 отсто во април, што е највисока стапка во последните две декади, пренесува Топ чанел.

-Иако најсилно влијание на инфлацијата имаше транспортот со пораст од 22,5 отсто и потрошувачката кошничката, во текот на април поскапе сè, значително зголемувајќи ги трошоците за живот, бидејќи истите количини производи се многу поскапи споредено со истиот месец минатата година, додава истиот извор.

Во групата на прехранбени производи кои поскапеа за 10 отсто за кои Албанците трошат над 40 отсто од семејниот буџет, најголем раст на цените е забележан кај маслото за јадење.

Моментно литар масло се продава за 381 леки (3,1 евра) што е еден од најскапите производи од потрошувачката кошничка. Дополнително се зголемени трошоците за набавка на млечни производи, месо, овошје и зеленчук. Во текот на април рапидно пораснаа цените на станарината, енергијата и водата, а граѓаните плаќаа и повеќе пари за облека.

-Оваа стапка на инфлација е двапати повисока од онаа што ја предвидуваше Централна банката на Албанија, од 3 отсто, но е очекува и врз основа на проекциите на самата институција, според кои бранот на поскапувања нема да запре ниту во останатиот период од годинава. Самата институција предвидува да се врати во нормала барем во првата половина на 2024 година, наведува Топ чанел.

Инфлацијата во март достигна стапка од 5,7 отсто, додека во февруари 3,9 отсто.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Еди Рама повторно победник на изборите во Албанија

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Честитка од Ахмети до Албанија: Нема потреба да се споменува очајот што Северна Македонија денеска не е заедно со вас

Катерина Ѓуровски