АППТ почнува медиумска кампања „Безбедно како дома“ во шест држави

Од:

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот почнува медиумска кампања во шест држави со цел да ја подигне свеста кај туристите за безбедно патување и промоција на туристичките потенцијали во земјава.

Кампањата „Безбедно како дома“ ќе биде промовирана во Србија, Албанија, Косово, Бугарија, Полска и Турција.

– Безбедно како дома” (Safe like home) е слоганот со којшто се комуницира успешното имплементирање на протоколите за безбедност и превенција од коронавирусот и знаејќи дека најголемиот мотив во 2021 година за патување ќе биде сигурноста на дестинацијата, со воведување на безбедносниот печат и почитување на сите протоколи, РС Македонија влегува во друштвото на сигурни дестинации за лето 2021 година, се наведува во денешното соопштение од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Кампањата е започната во онлајн медиуми, кои според истражувањата, би требало да дадат најголем ефект во туристичкото промовирање на земјава, а промоцијата ќе биде надополнета и со 360 виртуелни тури кои треба да се финализираат кон крајот на годинава, а со кои ќе се прикажат голем број на атракции и локации.

Од АППТ очекуваат годинава зголемен број на странски туристи со доминација на регионалните туристи и поминување на бројката од два милиони ноќевања.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска