ВИДЕО: Антикорупционери од Брисел, Берлин и Скопје ќе го испитуваат влијанието на Анѓушев врз стечајот за „Фени“

Од:

Канцелариите на „Транспаренси интернешнл“ во Скопје, Берлин и Брисел ќе го испитуваат влијанието на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, врз стечајната постапка за кавадаречкиот металуршки гигант „Фени индустри“. Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспаренси интернешнл – Македонија“, вели дека случајот го иницирала канцеларијата во Скопје откако добила претставки од повеќе засегнати страни, меѓу кои и од „Кунико рисорсис“, компанија која, според неа, сè уште е заведена како сопственик на „Фени“.

„Со двете канцеларии е веќе остварен контакт за проверка на наводите. Во писмото тие наведуваат дека Кочо Анѓушев, заменик-претседател на Владата на Република Македонија, наводно го оркестрира целиот случај со цел компанијата да заврши кај понудувачот ГСОЛ, со што тој ќе успее да го спречи влегувањето на компанијата ‘Енекод’ во Македонија, а со тоа ќе го заштити и уделот што на пазарот го има ‘Енерџи деливери солушнс’, компанија која е во негова сопственост. Ова писмо го испративме до вицепремиерот Анѓушев за да се изјасни по наводите, а неговиот одговор го очекуваме во следните неколку дена. Копија од писмото е испратена и до премиерот на Република Македонија, Зоран Заев“, рече претседателката Тасева.

Таа најави дека има документи за незаконски работи поврзани со „Фени“ и за периодот пред стечајот, но сè уште ги обработуваат и за нив дополнително ќе ја информираат јавноста.

Од кабинетот на вицепремерот кусо објаснија дека од вчера и официјално тој не е сопственик на ЕДС и не сакаа да ги коментираат наводите на „Транспаренси“.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Левица: ФЕНИ ќе почне со работа на штета на вработените , бараме национализација

Предраг Петровиќ

Турски ,,Јилдирим” го купи поранешно ,,Фени” од Кавадарци, работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа

Предраг Петровиќ

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

Орце Костов

Кавадаречките политичари ги поддржаа работниците: Нема да се дозволи да се изгасне печката во Фени

А1он

Ако се исклучи печката, Фени нема да работи една година: Висат 800 работни места

Орце Костов