Анѓушев се надева дека транспортерите на Фени и „Џи Сол“ ќе се договорат

Од:

Владата не се меша во должничко-доверителски односи помеѓу приватните субјекти, истакнал заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој денеска оствари средба со транспортерите на „Фени индустри“, претставниците на „Нова логистик“ и на компанијата „Џи Сол“,

Од Кабинетот на Анѓушев соопштија дека тој ги охрабрил присутните да најдат меѓусебно решение, во однос на динамиката на покривањето на заостанатите долгови, со цел да се овозможи побрзо рестартирање на фабриката.

Транспортерите пред Анѓушев ги образложиле причините поради кои протестираат и побарале сите заостанати долгови кои „Фени индустри“ ги има кон „Нова логистик“, а таа кон транспортните компании, да бидат покриени од новиот потенцијален сопственик.

Два дена по ред, на патот Градско-Прилеп, транспортерите ги паркираат камионите во знак на револт од тоа што не им се исплатени долговите во висина од 4 милиони евра што им ги должи фирмата „Нова логистик“, на која, пак, ѝ должи „Фени“. Од швајцарската компанија закупец на „Фени“ велат дека им предложиле на транспортерите авансно да им плаќаат за услугите сè додека фабриката не добие сопственик, а во велешкиот суд тече стечајната постапка преку која се бара сопственик на фабриката кој ќе ја добие и обврската да ги врати сите долгови. Банките доверители на „Фени“ и стечајниот управник имаат рок до втората половина на март да подготват планови за реорганизација на комбинатот.

Би можело да ве интересира

Левица: ФЕНИ ќе почне со работа на штета на вработените , бараме национализација

Предраг Петровиќ

Турски ,,Јилдирим” го купи поранешно ,,Фени” од Кавадарци, работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа

Предраг Петровиќ

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

Орце Костов

Кавадаречките политичари ги поддржаа работниците: Нема да се дозволи да се изгасне печката во Фени

А1он

Ако се исклучи печката, Фени нема да работи една година: Висат 800 работни места

Орце Костов