Анѓушев: Продажбата на ЕДС добар чекор за иднината на компанијата и врботените

Од:

Продажбата на компанијата ЕДС на грчката национална компанија за производство на електрична енергија Public Power Corporation (ППЦ) е добар чекор за иднината на компанијата и на нејзините вработени, оцени денеска Кочо Анѓушев, досегашниот сопственик на ЕДС и вицепремиер за економски прашања.

Транзицијата на сопственоста, додаде, ќе трае дваесетина дена, а по финасиската трансакцијата согласно законите во Македонија ќе си платам персонален данок и средствата што сум ги добил од продажбата ќе ги прикажам во мојот анкетен лист. Нагласи дека никогаш повеќе во Македонија не смее да се меша приватниот бизнис и политиката.

– Им посакувам на сите тоа да биде разграничено и политиката да не се меша во реалниот бизнис. Сепак зборот си е збор. Како што кажав, така и направив. Денеска како сопственик на компанијата ЕДС потпишав договор со ППЦ за продажба на компанијата за 4,8 милиони евра. Трансакцијата беше максимално транспарнетна и евалуацијата на цената беше извршена од две меѓународни куќи што беа ангажирани од грчката компанија да направат проценка, рече Анѓушев одговарајќи на прашање пред почетокот на форумот „Инвестиции за долгорочен економски развој“ во организација на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива во соработка со Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССК).

Тој посочи дека знае оти проценетата цена е повисока од цената за која компанијата е продадена и додаде дека е сопственик на 90 отсто од ЕДС, а 10 отсто се во сопственост на компанијата Фероинвест каде што тој е сопственик на 80 отсто од акциите, така што 90 отсто средствата од продажбата ќе легнат на негова сметка, а 10 отсто на сметката на Фероинвест.

– Преговарањето за цената не беше лесен процес, бидејќи станува збор за интернационална компанија која е присутна во неколку држави во ЈИЕ. Компанијата сум ја развивал од нула, како старт-ап во сите држави во време кога беше стопирана либерализацијата. Доколку продолжеше либерализацијата на пазарот на електрична енергија веројатно ќе имаше поголема вредност, потенцира Анѓушев и додаде дека ќе ги реинвестира парите што ги добил од продажбата на ЕДС на начин кој ќе биде најсоодветен да се оплодат.

ППЦ, како што рече, е гигант во енергетскиот сектор во регионот со годишне промет од пет милијарди евра и 15 милијарди евра капитал во електрани и далекуводи.

– Со таков ветер зад грбот ЕДС ќе има прекрасна иднина, бидејќи пазарот на електрична енегија во Југоисточна Европа допрва ќе се развива. Тоа е шанса за компанијата, за сите вработени и за земјава, рече Анѓушев и потенцира дека директорот на ППЦ им дал гаранции на 40-тината вработенти во ЕДС дека ќе се ги задржат работните места.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Изборот за нов универзален снабдувач обвиткан со тајност

ЕВН ќе ги снабдува граѓаните со струја и во следните пет години

Орце Костов

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Кој ќе ги снабдува граѓаните со струја од јули? Понудите од ЕДС, ЕВН и ЕСМ отворени, Владата не закажува аукција

Орце Костов