Анѓушев на Машински факултет: државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива

Од:

Не може сите млади да бидат ИТ инженери, бидејќи на државата и се потребни и архитекти, и градежници, и металурзи и технолози.

Вака проф. д-р Кочо Анѓушев се брати на дебатата на Машинскиот факултет во Скопје, по повод 20 години од Институтот за мехатроника.

„Мора да се земе предвид дека стопанството денес не е истото коешто беше пред 30 или 40 години. Индустријата има потреба од друг тип на кадри и одговори, и затоа и факултетите треба да продуцираат кадри на друг начин и со друг пристап, кој одговара на економијата денес.

Можеби е добро на факултет, уште после прва година, да се прави насочување на студентите во два правци: инженери кои сакаат да работат во академија, на факултет, во наука, и инженери кои сакаат да работат апликативно машинство, односно кои сакаат да работат во индустријата.

Така и двете групи подобро ќе се спремат за работните обврски во иднина.

Исто така, потребна е државна интервенција на пропишување на тоа колку студенти и каде да се запишат на факултетите, и тоа согласно потребите на државата и на општеството.

Сега се помалку има запишани студенти на градежен факултет, на архитектура, металургија технолошки факултет итн. Не може сите млади луѓе да бидат информатичари како што е сега мода и посакувана професија, бидејќи тоа не е одржливо, затоа што државата за да функционира има потреба од стручни кадри во сите сфери. Треба некој да гради и патишта, на пример, а денес не можете да најдете градежни инженери ни да вршат надзор на градбата на патишта.

Една држава не може да постои и да се развива без инженери во индустријата“, рече проф. д-р Кочо Анѓушев, сопственик и извршен директор на групацијата „Феро Инвест“ на панелот на Машинскиот факултет, на кој говореа и министерката за образование Весна Јаневска, ректорката на Унверзитетот Св Кирил и Методиј, Биљана Ангелова, и директорот на КОСТАЛ, Виктор Мизо.

ПР текст

Би можело да ве интересира

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

Бугарската „Кер Токи Пауер“ ќе ја преземе компанијата за трговија со струја на Анѓушев

A1on

Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став

Агелер: Има докази против Анѓушев, тој веќе се жалеше, но тоа нема ништо да смени

Катерина Ѓуровски

Ковачевски за ставањето на Анѓушев на „црната листа“ на САД: Тоа се сериозни наводи, останува нашите институции да постапат

Анѓушев: Благодарност до Малта за мандатот, не можам да бидам конзул со сенка врз моето име

А1он