Aнгеловска: Целосно реализирана првата бескаматна линија кредити, поддржани 738 фирми со 5,54 милиони евра

Од:

Целосно е реализирана првата бескаматна линија кредити за поддршка на ликвидноста на микро, малите и средни претпријатија од најзагрозените сектори – угостителство, туризам и сообраќај, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејсбук профил.

-Со првата кредитна линија поддржани се: 738 микро, мали и средни компании, 6.524 вработени, наведува министерката.

Додава дека просечен износ на даден кредит е 7.500 евра, додека вкупниот износ на доделени кредити преку оваа линија е 5,54 милиони евра.

-На фирмите од сите сектори им стои на располагање и втората линија бескаматни кредити преку @razvojnabankanasevernamakedonija , а повеќе информации за оваа линија на ➡ bit.ly/8-milioni-beskamatni-krediti, истакнува министерката Ангеловска.

Би можело да ве интересира

Левица бара собраниска седница за пратенички прашања со задолжително присуство на Нина Ангеловска

Жарко Настоски

ДКСК: Кај Ангеловска нема кривична одговорност, но потребно е доуредување на категоријата судир на интереси во сите прописи

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја издаде Нина Ангеловска, владата знаела за случајот Еуростандард банка

Жарко Настоски

Антикорупциска ќе испитува дали има судир на интереси кај министерката Ангеловска

Ана Ололовска

Ангеловска: Не е точно дека сум ги повлекла моите средства од „Еуростандард банка“

А1он

Ангеловска: Домашна платежна картичка користат 305 илјади граѓани, до август потрошени 23 милиони евра

Жарко Настоски