Ангеловска-Бежоска и Тевдовски на министерскиот дијалог меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан и Турција

Од:

Гувернерот на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии Драган Тевдовски денеска присуствуваа на министерскиот дијалог меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан и Турција во Советот на ЕУ, во Брисел што секоја година се одржува во рамки на Програмата за економски реформи на земјите-кандидати.

На состанокот, информираат од НБРМ, земјите од ЕУ и земјите од Западен Балкан и Турција ги усвоија заедничките заклучоци од овогодинашниот економски и финансиски дијалог.

– Заклучоците содржат позитивни оценки за поставеноста на монетарната политика, стабилноста и остварувањата на банкарскиот систем, вклучително напредокот во однос на намалувањето на степенот на евроизација на билансите на банките и на нефункционалните пласмани, соопшти НБРМ.

Земјите на ЕУ, Европската комисија и Европската централна банка, се додава во соопштението, препорачуваат да продолжи стратегијата на стабилен девизен курс, која е во прилог на одржувањето на ценовната стабилност во економијата.

– Имплементацијата на стратегиите за управување со нефункционални пласмани и деевроизација, кои беа претходно препорачани во рамки на овој дијалог и тековно се во процес на консултација со други релевантни институции, во иднина се очекува да придонесат за натамошно подобрување на монетарната трансмисија и на кредитирањето на приватниот сектор, се нагласува во соопштението од НБРМ.

Би можело да ве интересира

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво