Андреас Елснер, нов главен извршен директор на Македонски Телеком

Од:

Од 1 мај годинава на позицијата главен извршен директор на Македониски Телеком стапува Андреас Елснер.

Како што соопштуваат од Македонски телеком, Елснер доаѓа во Македонски Телеком во 2014 година, на чело на Секторот за управување со односи со корисници и корисничко искуство, а од 2015 година е главен оперативен директор за приватни корисници, каде има клучна улога во развојот и реализацијата на стратегијата за конвергирани решенија и услуги.

Во неговата шеснаесетгодишна кариера работел на раководни позиции во телекомуникацискиот бизнис во Австрија, Србија, Бугарија и Македонија. Неговото портфолио вклучува национален и интернационален маркетинг менаџмент, бренд менаџмент, маркетинг комуникации, формирање на цени и развој на производи, позиционирање на производи и брендови, односи со јавноста, деловен развој и позиционирање на пазарот.

Роден e во Виена, Австрија, каде и се школувал. Дипломирал Маркетинг, рекламирање и продажба на Универзитетот за економија и деловна администрација.

Андреас Елснер го замени Андреас Маиерхофер, кој беше назначен за главен извршен директор на Т-Мобиле Полска на 1 април, 2017 година.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Единствен начин да се стави крај на овој дуопол е да се промовира трет мобилен оператор, мораме да го заштитиме стандардот на граѓаните

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Сопругот извршен директор, сопругата менаџер, Ковачевски го претвора Телеком во фамилијарна фирма

А1он

Телеком ќе ги тужи фирмите што ги оштетиле каблите, корисниците добија гратис интернет

Катерина Ѓуровски

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он

Адвокат близок до Заев, ќе добива по 2.500 евра во одборот на Телеком

A1on

Кој ќе добива надомест од 6.000 евра во Телеком? Советник на Царина го менува Китанов во одборот на директори

A1on