Андора првпат ќе воведе данок на приход

Од:

Малиот пиринејски принсипат Андора, малечка држава сместена меѓу Франција и Шпанија прифати да воведе данок на приход.

Претседателот на Владата на Андора, Антони Марти изјави денеска дека до крајот на овој месец законот за оданочување на личните приходи ќе стапи во сила.

Ова е првпат Андора да донесе ваков данок, затоа што досега во оваа малечка земја намаше оданочување на приходите на луѓето и на фирмите.

Промената во даночната политика на принсипатот е резултат на силниот притисок што врз Андора го вршеа последниве години нејзините соседи, како и Европската Унија, во рамките на политиката за елиминирање или ставање под контрола на така наречените рајски места за прикривање и неплќање данок.

ЕУ има почнато преговори со Андора, Швајцарија, Лихтенштајн, Монако и Сан Марино за отворање на „тајните“ банкарски информации за сметките и депозитите на странци кои чуваат пари во локалните банки.

Андора важи за високо просперитетна економија, која 80 отсто од својот бруто домашен производ го остварува од туризмот, повеќе од 10 милиони луѓе ја посетуваат оваа малечка држава.

Странците доаѓаат не само прекузимаза скијање или во лето, поради поволната клима, туку и затоа што Андора е „фри шоп“ држава и даночен рај за оние кои сакаат да го одбегнат оданочувањето во својата земја.

Малечкиот принсипат 700 години беше управуван заеднички од Франција и од Шпанија преку бускупот од Ургел, за да оваа територија не биде ниту француска ниту шпанска. Во 1993 година Андора првпат во својата историја доби Устав. Земјата не е членка на ЕУ, но има право да го користи еврото како своја валута.

Би можело да ве интересира

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне