Анализа: Возен парк на општините – од скромност до луксуз!

Од:

Од луксуз – до скромност. Различни видови на возила, автомобили, камиони, комбиња, автобуси  се заведени во Регистарот на возила што е објавен од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата. “Порталб“ повикувајќи се на официјалните податоци од овој регистар објавува детали за возниот парк на поатрактивните општини во земјава.

Интересно е дека во регистерот нема податоци за возниот парк на повеќе општини, меѓу нив и на општина Струга, иако самиот градоначалник и кандидат за нов мандат, Рамиз Мерко соопшти дека општината во 2019-та година купила нов луксузен автомобил марка Ауди А6 во износ од 67 000 евра. Во Регистерот нема податоци и за општините Сарај, Гостивар, Кичево, Чаир, Шуто Оризари,  Охрид, Дебар, Радовиш, Зрновце, Чаир итн. За овие општини има податоци за тоа со какви возила располагаат подрачните единици на локалната власт, јавните претпријатија на локално ниво – но не и податоци за возилата кои се на самата општина.

Еве со каков вид на возила располагаат дел од општините:

Општина Арачиново располага со 12 возила – најновото е купено во 2018-та година, се работи за транспорно возило – комбе. Општина располага со уште неколку вакви возила за транспорт а како дел од возниот парк се четири Ауди А6 од 1997 година и две BMW од 2003-та година.

Општина Битола како дел од својот возен парк има еден автобус, најстарото возило е набавено во 1999 година а најновото е од 2016-та година марка Дачија – Сандеро, од категоријата на авотомибили познати како џип. Битола располага со вкупно 11 возила.

Општина Тетово, која исто така како и Битола и Арачиново ќе добијата градоначалник во вториот изборен круг, располага со седум возила – најстарото е од 1995 година а најновите се купени во 2007-ма година – Лада Нива и Фиат Пунто.

Општина Штип во Регистарот пријавила дека поседува девет возила – најновото Џонј Вејн е купено во 2016 година, а најстарот е од 1995 година. Општината располага и со автобус Јутонг . Оваа општина доби нов градоначалник во првиот круг од изборите.

Општина Ѓорче Петров, која доби градоначалник во првиот изборен круг,  располага со 13 возила – а како дел од возниот парк се и познати брендови од висока класа – Ауди А6 од 2005 та година и Ауди А4 од 2004-та година. Пријавени се две теренски возила – Лада Нива без наведена година. Општината располага и со Југо и две возила марка Цитроен Берлинго од 2010-та година. Дел од возниот парк се два Мерцедеси од 1993-та година и од 2004-та година.

Со еден од “најбогатите“ возни паркови раполага општина Карпош – 33 возила, автомобили, камиони, џипови. Така, во 2019-та година општината набавува три камиони DFSK тип C 31, како дел од возниот парк се и две Ауди А4 од 2009-та година, шест товарни возила, два џипа Ланд Ровер Фрилендер, како и 20 тина автомобили од повеќе други брендови.

Општина Струмица,  која доби градоначалник во првиот круг,  пријавила 12 возила – најновото е од 2018 година, Шкода Октавиа а најстарите се камиони од 1975 и 1976 година. Дел од возниот парк се и автомбили марка Голф 5 2008-ма, Мазда 2001-ва и уште неколку други автомобили.

Скопската општина Аеродром пријавила десет возила – најновите, две товарни возила Iveco-Tovarno се набавени во 2014-та година, три комбиња од марката Пежо, три Лади како и автомобили Форд Фокус 2006-та и Пежо 307 од 2005-та година. Ова општина доби градоначалник уште во првиот круг од изборите.

Општина Прилеп, која доби градоначалник во првиот круг, пријавила шест возила – најстарото е од 2008-та година, а четири под брендот Шкода Рапид и едно Шкода Октавија биле купени во 2013 година.

Општина Центар, кој ќе добие градоначалник во вториот круг, во Регистерот на ДКСК пријавила пет возила – најновото е од 2015-та година Ивеко, останатите под брендот  Sevrolet Spark се од 2011 година.

Општина Берово пријавила 13 возила – меѓу нив и теренски и противпожарни возила, шест на број. Дел од возниот парк се и автобуси како и неколку патнички  возила – автомобили.

Општина Кочани располага со 23 возила – меѓу нив седум за пртивпожарни активности и  обавување на комунални потреби. Оваа општина има десеттина автомобили, два електрични скутер- мотори и уште неколку други скутер – мотори, автобуси, теренски возила.

Општина Велес,  која доби градоначалник во првиот изборен круг, во регистерот пријавила 15 возила – од нив осум се за комунални потреби и противпожарна единица. Најновите автомобили се од 2016-та година – бренд Skoda Qitigo.

Општина Дојран располага со три автомобили, Прбиштип со пет, Ново Село со четири автомобили, општина Росоман има два автомобили, Богданци има четири, а Боговиње два автомобили, општина Босилово располага со седум, а Брвеница со три автмобили.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

A1on

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on

Репортажа – Грција: Цени и услуги, дождот го „потопи“ почетокот на летната сезона!

Ана Ололовска

Шесте најзадолжени општини имаат долг од 36 милиони евра, високо котира и Град Скопје

Ана Ололовска

Анализа: Јавните претпријатија меѓу најголемите „работодавачи“

Ана Ололовска