АНАЛИЗА: „Свиркачите“ на ЕУ шепнале за злоупотреби – дали ИПА оди под истрага?

Од:

Посредникот Питер Ванхауте го потврди она на што подолго време аламираше граѓанскиот сектор и опозицијата, а тоа се проблемите при искористувањето на средствата од ИПА фонодвите, недоволниот капацитет за нивно искористување и но и се обелоденија афери кои упатуваат на злупупотреби, коменираат  познавачите на европската регулатива за „Порталб“, кој веќе анализираше на оваа тема.

Според нив една од тие афери беше и случајот „Актор“. Фатмир Бесими, од позиција на вицепремиер за европски интеграции  изјави дека доколку се докаже дека имало злуоупотреби – некој ќе понесе и одговорност.

Како и дали е можна злоупотреба на европските пари преку ИПА фондовите?

Европската унија, односно,  Европската канцеларија против измама ОЛАФ, која е надлежна за истраги поврзани со измами на сите средства кои доаѓаат од Буџетот на ЕУ вклучувајќи ги и претпристапните фондови за државите кандидатки, како Македонија, може да започне истрага врз основа на наоди и индиции и без да ја информира засеганатата земја, коментираат експертите  за “Порталб“. По изјавата на посредникот во меѓупартиските договори Питер Ванхауте дека има сознанија оти 40% од парите од ИПА фондовите биле користени на незаконски начин, и дека има причина за сожнеж за корупција, вицепремерот Фатмир Бесими вели дека досега нема повратна информација од Европската комисија за покрентата истрага, или воопшто било каков случај.

„Веќе стапив во контакт со Евроспката делгација во Скопје, конкретна реакција или најава за пријава од страна на  Европската канцеларија против измама ОЛАФ, нема. Ако се констатираат злоупотреби,секој што бил дел од тоа треба да сноси одговорност“, рече Фатмир Бесими од позиција на  вицепремиер за евроинтеграции

Според дел од експртите, како што веќе објави „Порталб“, оценката на посредникот Ванхауте не треба да се сфати наивно, напротив, таа може да биде вовед во сериозни проблеми кои можат да го засенатат кредибилитетот на земјата.

„Истражителите на ОЛАФ имаат постапувано веќе во неколку претходни ситуации кога постоел сомнеж за измама во случаите на управување со европските фондови за европски образовни програми и мобилност, како и претпристапната помош во инфраструктурните проекти (случајот Актор). Како резултат на такви и слични истраги две години беа суспендирани европските пари за Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Сепак, целта на оваа реакција на господин Ванхауте не верувам дека е за да се суспендираат фондовите за Македонија, туку напротив за да овие пари завршат таму кадешто се наменети, за реформи и европеизација, наместо во затворен круг на луѓе и структури кои немаат никаква врска со реформи и напредок на државата“, изјави за Порталб.мк Бојан Маричиќ од Меѓународниот центар за европско образование.

Лидија Димова од опозициската СДСМ смета дека по изјавата на Ванхауте има можност за натамошна истрага.

„Она што е сега ново е фактот дека господинот Ванхауте веќе подолго време престојува во Македонија и има длабински познавања на тоа како функционираат (или нефункционираат) институциите во државата. Бидејќи е ангажиран на антикорупциски проект, има можност да се откријат како оделе сите злоупотреби. Веќе се појавуваат првите свиркачи кои доброволно нудат информации, зашто во спротивно ќе треба да ги враќаат парите и да завршат в затвор“, вели за Порталб.мк Димова.

Искористеноста на средствата од ИПА1, за периодот 2007-2013 година, изнесува 61,8 отсто. Имено, според податоци од Владата вкупната сума на повлечени пари изнесува 614,7 милиони евра, пришто се склучени 957 договори во вредност од 379,8 милиони евра. До крајот на 2017 година остануваат да се исористат уште 97 милиони евра од оваа программа, со што искористеноста би се движела од 75% до 80%.

„Карактеристично за спроведувањето на финансиска помош во рамките на ИПА I, е тоа што постојат значителни суми на средства вратени во буџетот на ЕУ, како и ризици за идна загуба на средства од програмите управувани од децентрализираниот систем за спроведување (ДИС) во Министрерството за финансии.  Ситуација е критична, на пример во 2014 година, 41,6 милиони евра се изгубени во сите компоненти на ИПА. Особено критична е петтата компонента од која 15.6 милиони евра се вратени во буџетот на ЕУ. Оперативните структури во земјата имаат бројни структурни проблеми кои негативно влијаат на нивната работа и навремената апсорпција на ИПА фондовите. Склучувањето на договорите на националните програми за годините 2011, 2012 и 2013 година не започна да се спроведуваат во 2014 година. Околу 44 милиони евра од првата ИПА рамка се изгубени во 2015 година“, вели заПорталб.мк Маричиќ од МЦЕО

Освен со нивото на искористеност на парите од европските фондови, според Димова, Македонија сега ќе биде исправена и пред можен корупциски проблем.

„Безброј пати досега било истакнувано дека има проблеми со искористувањето на ИПА средствата и тоа од повеќе страни, од страна на опозицијата, медиумите, но и од страна на организациите на граѓанското општество. Речиси идентични пораки доаѓаа од сите тие страни. Постојано се укажуваше на индикаторите кои посочуваа дека едни исти консултантски европски фирми ги добиваат тендерите и дека едни  исти граѓански организации добиваат средства од ИПА“, вели Димова и додава:

„Сведоци бевме и на крадењето „на крупно“ и тоа кај 3-тата компонента, каде што покрај случајот АКТОР на којшто укажа СДСМ, имаше и склучени милионски договори со фирми во сопственост на фамилијата на поранешниот министер Миле Јанакиевски. За жал, сите овие предупредувања не беа доволни за да се натера Европската Комисија да го активира своето антикопрупциско телото ОЛАФ за да види дали (и како) се злоупотребуваат парите на европските граѓани“.

Со ИПА 2 2014-2020 година, во чии рамки има осум сектори, од вкупно 664 милиони евра, предвидени во националниот стратешки документ на Република Македонија, досега се испрограмирани средства во износ од 445,6 евра.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

A1on

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on

Репортажа – Грција: Цени и услуги, дождот го „потопи“ почетокот на летната сезона!

Ана Ололовска

Шесте најзадолжени општини имаат долг од 36 милиони евра, високо котира и Град Скопје

Ана Ололовска

Анализа: Јавните претпријатија меѓу најголемите „работодавачи“

Ана Ололовска