На пазарот на труд, расте бројот на активни постари лица со над 65 години, но се намалува на младото активно население до 24 години но и на возраст од 25 до 49 години. Последните податоци на државната статистика покажаа дека на ниво на државата, невработеноста се намалува, но заедно со намалување на бројот на активна работна сила, пишува неделната економската анализа на Portalb.mk. Овој тренд, што ја одбележа 2015 година се прелеа и во 2016 та – кога во првиот квратла статистиката регистрираше натамошно намалување на понудата на активно население на пазарот на труд.
Без попис на населението – нема јасна слика …
Само за една година, или во првото тромесечје од 2016 во однос на истиот период лани, понудата на активно население се намалила за 13 567 луѓе, или во 2015 година, заклучно со март во земјава имало 959 388 активни лица, додека во 2016 бил 945 821 луѓе. Така, стапката на активност од 57% во 2015 година се намали на 56,4% на крајот од март, годинава.
Овој тренд на намалување, што ја одбележа и ланската година и прелеа и годинава, беше нотиран и во новиот Извештај на Народната банка.
“Во првите три месеци понудата на работна сила се намали за 1,4%, што претставува натамошно продлабочување на негативната годишна динамика присутна во претходните три квартали”, пишува во последниот извештај на НБМ.
Според податоците, во истиот анализиран период, бројот на вработени се зголемил за 17 187 додека бројот на невработени се намалил за 30 754.
Според дел од економистите, намалувањето на невработеноста не треба да се анализира изолирано од трендот на намалување на бројот на активни граѓани. Како фактор кои можат да влијаат врз намалување на понудата на работна сила, според економистите, прво е иселувањето, особено на младо работоспособно население и второ, број на работници кои се во “сивата зона’, односно работат на црно.
“Активно население е практично она население што активно бара работа на пазарот на труд. Според мене, во изминатиот подлг период е регистрирано намалување поарди еден од клучните фактори, а тоа е иселувањето на граѓаните“, вели за Portalb.mkекономистот Бранимир Јовановиќ.
Она што според аналитичарите треба да се смета како алармантно е намалувањето на активното население, во кое, според старосната структура, се вклучени оние со над 15 години, а се невработени или бараат работа. Дополнително, економистите велат дека во отстуство на попис, овие мерењата треба да се земат со резерва.
“Сите овие бројки што ги бајвува државната статистика се потпираат на рамка на примерок, која методолошки не е спорна и е во согласност со европските стандарди, но проблемот е во тоа што таа рамка се потпира на попис спроевден во 2002 гдина, примерок од 5 000 домаќинства што бил користен пред 14 години. Сепак, намалувањето на активното население во земјава е пред се резултат на механичко движење, односно не можеме да го занаемариме фактор оти луѓето, особено младите и образовани псоегнуваат по иселување”, изјави за “Порталб.мк“ универзитетскиот прфесор Драган Тевдовски.
Сличен став има и аналитичарот Соња Стојадиновиќ.
“Сите овие бројки и податоци треба да се анализираат со резерва. Ние како земја од 2002 та година немаме попис, статистикача операција која е основа за сите економски мерења. Во остуство на оваа операција, јас не можат да кажам дека и овие бројки се релевантни. Од друга страна самиот податок дека се намалува бројот на активни граѓани, меѓудругото може да се толкува и како резултат на трендот на одлив на работоспособно население”, вели за Portalb.mk политикологот Соња Стојадиновиќ.
Како фактори пак кој влијаат врз зголемување на вработеноста, а и врз намалување на невработеноста, според економистите е миграцијата на работници од “сива“ во легална зона, особено поради користење на државни субвенции преку актуелните прокети за вработување и самовработување. Дополнително, тука се и вработувањата во фабриките во Слободните економски зони и странските иневстции надвор од нив, но за кои важат државните бенфиции.
“Сметам дека вработувањата во странските иневстиции како и поволностите што ги нуди проектот Македонија вработува дава резултати, но не доволно, односно тие вработувања реално не влијаат врз промена на сегашната слика. Треба да се земе предвид и миграцијата на работниците од “работа на црно“ во легална економија“, вели економистот Јовановиќ.
На крајот од првиот квартал годинава бројот на невработени се намалил за 30 700 додека борјот на вработени се зголемил за 17 000. Стапката на активно население се намалува кај лицата до 15 години и кај лицата од 16 до 49 години, Во исто време кај најмладата возрасна категорија вработеноста се намалува додека невработеноста се зголемува.
Најмногу слободни места нудат фирмите од преработувачката индустрија, трговијата, транспортот и услужните дејности. Според образованието, и натаму во струкатурата на невработените доминираат оние со основно и средно образование, но расте и бројот на невработени граѓани со високо образование, кој на крајот од март изнесувал 42 956 и во однос на првиот квартла од 2015 година се зголемил за скоро 1 500 нови невработени.
На крајот од вториот квартал од годинава на пазарот на труд, според податоците од Заводот за статистика , имало 6 687 слободни работни места или за едно работно место во конкуренција се 34,6 невработени.
Анализа на Порталб