Анализа: Поради политиката – ќе трпи бизнисот!

Од:

Една од првите одлуки што ќе ја донесе оваа Влада треба да биде ребаланс на буџетот, односно прекројување на буџетската каса.

Ова го очекува бизнис заедницата со оглед на тоа што податоците покажуваат дека  претседателските и предвремените парламентарни избори само за три месеци од годинава стопија скоро 70% од планираниот буџетски дефицит за целата економска година.

Министерот за финансии Зоран Ставрески вели дека засега нема потреба и причина за ребаланс на Буџетот. Сепак, економисите се погласно се сомневаат дека сегашните прокеции за раст на економијата нема да се остварат. Политичката неизвесност во пакет со честите изборни циклуси праќа лоша порака и за домашните и за странските инвеститори – велат бизнисмените.

Колку политиката ќе и наштети на економијата?

Изборите го стопија Буџетот – ќе има ли ребаланс? 

Според бизнисмените нема дилема, политичката неизвесност во земјава е вовед и за економска неизвесност и неодржливост. Според стопанственикот и извршен директор на Стопанската Комора на Северозападна Македонија, Арбен Халили, постизборно, следува инвестициска апстиненција и на домашните и на странските инвестиции.

„Дефинитивно ваквата политичка состојба, прво поради честите избори а сега и поради неизвесноста од тоа како и кога ќе се формира новото парламентрано мнозинство и новата влада,  неминовно влијае врз економијата.  Сметам дека во вакава состојба не трпи политиката, туку пати токму стопанството. Од потезите на политичарите зависат вкупните економски движења, тоа пак влијае врз идните одлуки за планирање и развој на компаниите“, вели за Порталб, Халили и додава:

„Во таква состајба на една политичка нестабилност фирмите би се воздржале од развојни, односно инвестициски потези. Ова не важи само за домашните бизнисмени, туку и странските бизнисмени. Токму честите избори праќаат порака дека  една земја е политички незрела, па затоа ние сега ќе се соочиме со состојба во која ќе има многу најави за странски инвестици а нивната реализација ќе биде бавна. И оние што ќе дојдат ќе бидат како резултат на претходен договор, пред се поради даночните бенефеции и поволности што им се нудат“.

Вкупната политичка неизвеснот ќе ги доведе во прашање основните економски параметри, економскиот раст во пакет со оставрувањето на Буџетот, сметаат економистите. За годинава Владата предвиде раст на БДП од 3,2%, додека според Народната Банка тој ќе изнесува 3,7 отсто. Академик Абдуменаф Беџети се сомнева дека овие проекции ќе бидат остварени.

„Тоа ќе биде многу тешко, ќе треба да се идентификува друг потенцијал, па дури и за да се превземат други мерки за да се оставри стапката на раст на БДП прокетирана за оваа година. Може ќе требаат повеќе експанзивни мерки, односно поголеми задолжувања од странство, како што беше Еврообврзницата. Малите економии, особено ние, во пракса се покажа дека се многу сензитивни на така наречена политичка нестабилност и тоа се одразува преку повеќе димензии, прд се за привлекување на странски инвестиции, преземање на зафати на домашните иневститори. Мислам дека оваа состојба уште повеќе ќе го отежнува бизнис амбиентот за нови зафати и за нови циклуси, особено што макроекномската состојба, пред се во фискалните политики е доста сензитивна во овој период кога ние ги ангажиравме односно речси си ги потрошивме потенцијалите што беа предвидени за оваа фискаална година“,вели професорот Беџети.

Од друга страна, според податоците, веќе с епотрошени 70% од буџетскиот дефицит – состојба која според економисите и бизнисмените го отвора прашањето за ребаланс на Буџетот.

„Не очекувам да се остварат планираните показатели за годинава поради една едноставна причина а тоа е дека  во првите неколку месеци од годинава се потроши 70% од дефицитот што е планиран за целата година. Се поставува прашањето како ќе се туркаат останатите девет месеци. Ако се наоѓаме во нестабилна политичка а со тоа и нестабилна економска состојба, со претходно потрешнеи пари, се плашам дека немаме резерварвен план. Според мене една од првите одлуки на идната Влада ќе биде токму ребаланс на Буџетот. Пред идната Влада се две опции, ако сака да го задржи сегашно ниво на буџетски дефицит, ќе мора да го стгне ременот за трошење до крајот на годинава, што е тешко остварливо. И второто сценарио е да го продлабочи буџетскиот дефицит што пак ќе значи можни нови задолжувања.  Друго прашање е за што се потроши тој буџетски дефицит, лично сметам дека беше во функција на изборите“, вели бизнисменот Халили.

Без разлика дали ќе имаме или не техничка Влада, ребалансот на Буџетот ќе биде непоходен, смета и професорот Беџети.

„Не би сакал да шпекулирам, но доколку дојде до формирање на техничка влада, пред се ќе ни биде потребен ребаланс на буџетот. Дури и без ваква околност, ребалансот на Буџетот ќе биде непоходен. За една четвртина од годината ние потрошивме три четвртини од буџетскиот дефицит. Од друга страна, постизборно можно е опаѓање на приходите во буџетот бидејќи тие беа исфорсирани во текот на предизборието. Само да потсетам дека стапува на сила Законот за финансиска дисциплина а претпријатијата се во голема неликвидност“, вели академик Бeџети.

За разлика од очекувањата и проценките на економистите и дел од бизнис заедницата, министерот за финансии Ставрески вели дека нема потреба од прекројување на буџетските позиции.

„Засега и приходната и расходната страна на буџетот се во рамки на планираното и моите очекување се дека и во следните месеци ќе остане така, бидејќи добро е со завршување на изборите и може да ги вршиме должностите, а за приватен сектор најдобро е кога има долгорочна предвидливост на политиките“, изјави министерот Ставрески.

Колку и како политичката состојба ќе одрзаи врз економијата, допрва ќе се анализира. Народната Банка најави мајско ревидирање на сегашните економски прокеции, во предвид ќе се земат и ризиците и влијанијата од Руско-Украинската криза, но дали гувернерот Димитар Богов ќе ги пресмета и домашните ризици, ќе се знае наскоро.

 

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација