Анализа на ЏДК: Македонија е високо задолжена земја

Од:

Анализата на британската организација „Џубили депт кемпејн“ (Jubilee Debt Campaign), покажува дека Македонија се наоѓа меѓу државите со висока задолженост.

Според овој извештај, овие високо задолжени држави се во опасна зона поради долгот. Тоа би значело дека при економска криза или, пак, неочекуван скок на каматните стапки, на долг рок може да се случи економска катастрофа.

dolgovizemji

Извештајот посочува дека преголемите долгови можат да ја направат ранлива економијата на државата на одредени пазарни промени.

Ниските каматни стапки ги тераат владите, комапниите и потрошувачите на ново прекумерно задолжување што би претставувало потенцијален проблем во иднина.

Според последниот извештај на Народната банка (НБРМ), надворешниот бруто-долг е 6,1 милијарди евра или 68,68 отсто од домашниот бруто-производ (БДП).

Би можело да ве интересира

Левица: Додека функционерите уживаат во луксуз, секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он

Демократско движење: Додека Владата експериментира, сиромаштијата само расте

Горан Наумовски

Четвртина од населението во Македонија не може да си го загрее домот: Енергетската сиромаштија се зголемува

A1on

Речиси петтина од населението на Хрватска во ризик од сиромаштија

А1он