АНAЛИЗА: Крупни реформски чекори, сиромашна економија!

Од:

Македонија е подбра економија за водење бизнис од Германија. Ова го покажа новото, годинешно рангирање на „Дуинг бизнис“. Иако земјава, и годинава беше оцената  како „топ-реформатор“, и натаму е во групата најсиромашни економии, со стандард кој изнесува само 36% во однос на европскиот просек. Има ли апсурди во рангирањето и зошто дел од економистите што ги анкетираше “Порталб“ тврдат дека тоа не ја одразува вистинската состојба во економиајта?

„Дуинг бизни“ – апсурдно или реално мерење?

Извештајот „Дуинг бизнис“ ги мери превземените правни чекори но не и реалната состојба на бизнис климата. Критериумите по кои се врши рангирањето не ги опфаќаат некои од суштинските прашања поврзани со условите за водење на бизнис , како што се квалитетот на инфраструктурата, корупцијата, безбедноста,  , велат аналитичарите.

„Последниот извештај на  „Дуинг Бизнис“  околу спроведените реформи  и можности  што ги нудат земјите кои се опфатени со истиот е уште еден доказ дека подготвувањето на  извештаите по канцеларии често не се совпаѓа со реалноста. Проценката на спроведените реформи според овој извештај  не е ништо друго освен една проценка околу подобрувањето на правната регулативе и условите за започнување на  бизнис. Во ова насока слободно може да кажеме дека Македонија од аспект на подобрување на правната регулатива има направено соодветни чекори кои и овозможуваат значително подобра проценка споредено со предходните години во самата ранг листа“, вели за „Порталб“, економскиот аналитичар Арбен Халили.

Сепак според него, извештајот не опфаќа сегменти од вкупната бизнис клима кои можат да бидат одлучувачки фактор за домашните и за странските инвеститори.

„Тоа што веќе сите го знаеме е дека сме експресна држава за наплата на даноците и различните такси, односно казни,  и поради тоа сме на истата позиција како и минатата година, односно на второ место. Сепак има и сегменти кои се вклучени во самата проценка а во кои имаме влошување на состојбата, односно  реалната слика на бројот на невработени лица во земјата или пак условите за кредитирање на бизнис заедницата каде од 36 позиција за минатата година, сега сме на 42 позиција. Независно од формалното подобрување на севкупната слика околу условите за бизнис во нашата земја, сеуште некои суштински параметри за водење на бизнис бележат пад“, вели економистот Халили.

Според аналитичарот Бранимир Јовановиќ, извештајот кој ја рангира Македонија како „топ реформатор“ во светот се коси со реалноста во економијата.

„Овој извештај го сметам за контроверзен затоа што не е јасно дали тој се вкулопува со мисијата на Светска Банка која е насочена кон искоренување на сиромаштијата. Според мене има неколку проблематични точки. Една од нив е дека индикаторите според кои се врши рангирањето ги мерат правните аспекти, односно се однесуваат на “де јуре“ страната а не на “де факто“. Ова значи дека имплементацијата, односно примената на таа регулатива не е опфатена со извештајот. Ова значи дека некоја земја формално-правно може да оебзебди брз процедури за отворење на фирма, но прашање е како тоа функционира во пракса“, вели за „Порталб“, економскиот аналитичар, Јовановиќ.

Според извештајот, Македонија е на шесто место во Европа според условите за водење на бизнис. Зад нас е дури и Германија. Од друга страна, граѓаните на  Македонија, според официјалната европска статистика се во групата на најсиромашни, со стандард кој изнесува само 36% во однос на европскиот просек. Во исто време, земјава е во групата на оние со најголем број на сиромашни луѓе, односно секој четврти живее под линијата на сиромаштија, неможејќи да ги задоволи ниту основните егзистенцијални потреби.

Според Владата, сепак ова рангирање на Светска Банка е признание за досегашните успешни реформски политики кои ја подобриле бизнис климата.

Информацијата од најновиот извештај на Светска Банка, „Дуинг бизнис 2016″ е податок што е извонреден за Република Македонија, и уште една потврда дека според Светската Банка и ИСФ Македонија е најдобра земја во регионот на Југоисточна Европа за водење бизнис, шеста е во Европа и 12-та во светот во конкуренција на 189 земји. Не само следејќи ја регулативата, туку и имплементацијата на таа регулатива во пракса. Како таа законска регулатива се спроведува во пракса“, изјави министерот за финансии Зоран Ставрески.

Според оценките на валдините преставници, значајно е тоа што Македонија бележи напредок во речиси сите индикатори, и секоја година од 2006 до 2015 покажува напредок. Во 2006 година,  земјата беше рангирана на 94-то место, а денес на 12-тото место.

Од друга страна, според економистите, сепак овој извештај не ја одразува реалноста.

„Нестабилната политича состојба не е критериум во овој извештај, доколку беше, реалните ефекти од ваквите проценки ќе беа многу далечни. Ние можеме да тврдиме дека имаме позитивен извештај кој не рангира во добро и реално така е, но овој извештај се однесува само на критериумите кои се опфатени со истиот, а да не заборавиме дека сепак тие официјални податоци ги добиват од самите државни институции. Сметам дека извештајот е далеку од реалната состојба со која се соошува бизнис заеднцата. А дека состојбата не е сјајна и не се совпаѓа со реалноста моше да се види ако се анализира  кои  земји се зад нас, како на пример една  Германија“, вели за „Порталб“, аналитичарот Халили и додава дека за да се долови вистинската слика, потребна е промена на методологијата.

„Самата методологија која се користи во рангирањето на „Дуинг бизнис“ е еден апсурд кој што  не се совпаѓа  со нашата реалност и ние како држава треба да разјасниме дали дефинитивно треба да се смени истата,  да се вклучат и други критериуми кои  ќе  дадат една пореална слика околу вистинската макреоекономска состојба во земјата“, вели Халили.

Извештајот на Светска Банка ја рангираше Македонија на 12-то место во светот според условите за водење бизнис.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он

Демократско движење: Додека Владата експериментира, сиромаштијата само расте

Горан Наумовски

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

Орце Костов

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

Орце Костов

Четвртина од населението во Македонија не може да си го загрее домот: Енергетската сиромаштија се зголемува

Орце Костов