АНАЛИЗА: Како работело Собранието – што откри државниот ревизор?

Од:

Недоследности во јавните набавки, прoпусти во попис на срeдства и обврски но и двата договори за доградба, надграба и адаптација на зградата на парламентот се ставаат под лупа на државните ревизори, кои го објави новиот ивештај за Собранието на Р.М, преку анализа на сметка на основне Буџет и на сметка на Буџет на донации, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk.

Ревизијата ги нотира надоместоците за користење на приватен автомобил за службени цели што ги земаат пратениците а кои изнесуваат 30% од продажната цена на литар гориво, според изминат километар.

„Ревизијата смета дека е потребно да се направи анализа на ваквиот начин на надоместување на трошоците на пратениците на користење на сопствен автомобил за службени цели, во однос на реалниот трошок. Доколку се констатираат значајни отстапувања, да се преиспита вака уреденото законско решение“ – наведуваат ревизорите.

Собранието раполага со фонд на книги, публикации, изданија, дневни весници. Надлежно одделение за библиотеката требало да врши евиденција, селекција, касификација на книжниот фонд.

„Поединечната евиденција на книгите се врши преку софтверска апликација бзе можност за генерирање на извештаите за вкупниот број на книги или нивата вредност. Од апликацијата за евиденција на книгите ни беше презентирана состојба на книги дадени на користење од 2010, 2011, 2012 година кои сеуште не се вратени, но поради слабости во апликацијата не ни беше издаден преглед за вкупниот број на невратени книги“, констатира меѓудругото ревизијата и посочува дека ваквиот начин на располагање со книжниот фонд не е во согласност со Законот за сметководството на буџетите и на буџетските корисници.

Ова е само еден сегмент од објавениот ревизорскви извештај кој ја анализира работата на службите на парламентот, во повеќе сегаменти, финансии, јавни набавки, попис, состојба со недвижен имот во период од 2015 година.

„Вкупен ефект од изнесените наоди е нецелосно извршен попис на средства и обврски, неевидентиран имот – земјиште, несигрност во однос на проценка на вредноста на библиотечниот ( книжниот) фонд на Собранието, утврдени неправилности во постапките за јавни набавки“ – наведуваат ревизорите во новообјавениот извештај, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk.

Договори и анекси за доградба, надградба на зградата на Собранието….
Државната ревизија под лупа ги става и јавните набавки и начинот на кој се спроведувале. Според извршената контрола во 2015 година за набавка на тонери биле исплатени 70 600 евра по основ на договори од 2013, 2014 и 2015 година.

„Утврдивме дека со договорите се предвидени видови на тонери кои не се набавени, а количината на тонерите кои најчесто се набавуваат, ги надминуваат количините утврдени со договорите за вредност од 16 276 евра. Реализацијата на договорите се следи во однос на исполнување на вредноста предвидена со договорот без да се следи количинското исполнување“ – се нотира во ревизорскиот извештај.

Ревизорите ги анализираат и договорите за доградба, надградба и адаптација на објектот на Собранието.

„Извршувањето на работите се врши согласно два договори со ист понудувач. Вредноста на работите што треба да се извршуват изнесува 12,7 милиони евра со вклучен ДДВ, во рок од две години од воведување на работите“, се посочува во ревизорсиот извештај во кој сепак се нотира дека кон основниот Договор во период од 2010 до 2015 година склучени се дури шест анекси со постапка со преговарање, без објава на оглас. Ревизорот за овој тендерски зафат констатира серија слабости и постапувања во спротивност со Законот за јавни набавки.

Според ревизорите, цената од 2010 година, кога е склучен првиот договор, па се до 2015, пораснала за повеќе од 3 милиони евра, од 12.700.000 на 15.700.000 евра, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk.

Така,во однос на првиот договор, еден од склучените анекси за обезбедување гаранција за квалитетот на извршување на договоорт, поради склучените анекси за продолжување на рокот на изградба, практично обезбедува гаранција која не претставува 10% од зголемената вредност на договорот, туку изнесува 10% од вредноста на основниот договор. Потоа, по еден од склучените анекси за набвка на електрични инсталации и опрема, било потребно да се спроведе посебна набавка.

„За исплата на обврските во период од 2010 до 2015 година кон изведувачот биле исплатени вкупно 16,3 милиони евра од кои скоро 2 милиони евра во 2015 година“ – се вели во извештајот.

Вредноста на вториот договор пак изнесува 3,6 милиони евра. Во дел од постапките констатирани се слабости.

„Со избраниот начин на кој двете постапки се спроведени како неделиви, не се уверивме дека е обезбедена целосна конкурентност во постапките. Во текот на ревизијата, од страна на генралниот секретар на Собранието биле донесени задолженија за вработените за следење на реализацијата на конкретни договори, односно на оние склучени до јуни 2016 година.

Според извршените контроли, по различни основи, Собранието кон добавувачите за период од 2010 до крајот на 2015 година должело 3,1 милион евра, од нив 62 отсто се обврски за период од четири години( од 2010 до крајот на 2014 година).

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

На 28 мај закажана конститутивната седница на Собранието

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје