АНАЛИЗА: Граѓаните се потешко ги враќаат кредитите!

Од:

Заклучно со септември, граѓаните во банките по основ на кредити должеле скоро 2 милијарди евра. Кредитната задолженост на населението расте. Во споредба со крајот на декември, лани, кога таа изнесувала 1,6 милијарди евра, за девет месеци се зголемила за речси си 400 милиони евра. Расте задолженоста но и нефункционалните кредити.

Народната банка објави дека токму од крајот на 2014-та година почнува тренд на раст на проблематичните побарувања од граѓаните, пишува новата економска анализа на Порталб.мк

Фирмите и граѓаните на банките им должат 4,3 милијарди евра…

Кредитната задолженост на компаниите и на граѓаните е во пораст. Најновите септемвриски податоци покажуваат дека  вкупната кредитна изложеност на банките изнесувала повеќе од 4,3 милијаради евра.  За девет месеци, или во однос на состојбата на крајот од декември, задолженоста е зголемена за 176 милиони евра. Еве колку изнесувала вкупната изложеност на банките по основ на кредити:

Септември, 2015      4 365 349 593 евра

Декември    2014      4 189 442 622 евра

Растот на кредитната задолженост е проследен и со пораст на нефункционалните кредити, односно сомнителните и спорни побарувања кои банките тешко можат да ги наплатат поради влошување на финансиската состојба. Заклучно со септември сладото на нефункционалните кредити надмина половина милијарда евра, и за девет месеци се зголемило за 40,5 милиони евра.

Еве како се движеше динамиката на пораст:

Декември 2014   460 260 162 евра

Септември 2015 500 845 528 евра

Влошувањето е регистрирано и при последните анализи што ги направи НБМ.

„На 30.6.2014 година, нефункционалните кредити на банкарскиот систем на Република Македонија се поголеми за 2,5 пати во споредба со крајот на 2008 година. Истовремено, нивното учество во вкупните кредити бележи раст од 5,9% на 10%. Позначителното зголемување на нефункционалните кредити во анализираниот период се поврзува со негативните ефекти од глобалната финансиска криза коишто беа особено почувствувани во домашната економија, во 2008 и 2009 година. Сепак, растот на нефункционалните кредити продолжи во наредниот период и сѐ уште трае“ констатира Народната банка, објави Порталб.

Ако се анализира подлабински,  кредитната задолженост на населението е во пораст но во исто време растат и проблематичните кредити кои граѓаните не можат навреме да ги сервисираат.  Така, Нардната банка констатира дека  овие проблематични побарувања се во пораст и повикува на зголемено внимание.

“Почнувајќи од крајот на 2014 година, се забележува раст на нефункционалните кредити на домаќинствата. Во споредба со претходниот квартал, во вториот квартал од 2015 година, растот на нефункционалните кредити на домаќинствата забави. И покрај тоа што нивниот раст не е загрижувачки, сепак овие кредити треба да се следат со поголемо внимание поради отстапувањето од претходните годишни стапки на раст, коишто се движеа и под нулата, а и поради засилениот раст на кредитирањето на овој сектор во изминатиот период“, велат од Народната Банка, објави Порталб.

Анализата покажува дека најголем дел од нефункциналните кредити, или 78% отпаѓаат на кредити што се одобрении на компаниите. Граѓаните во банките најмногу се задолжени по основ на потрошувачки кредити, кредитни картички и станбени кредити. Токму и по овој основ редовната исплата на ратите оди најтешко. Така, најголемо учество во нефункционалните кредити со 46,5% имаат потрошувачките кредити, со 23,5% се застапени кредитите одобрении преку кредитните картички и со удел од 12,5% се кредитите за купување и реновирање на станбен простор.  За граѓаните најпроблематични за отплата се ратите за кредитни картички и порошувачките кредити во вредност од 1 000 до 5 000 евра.

Во стопанството, според висината на проблематичните побарувања, најголемо учество со 36%  имаат кредитите  одборени на фирмите од преработувачката индустрија,  Дури 26,6 проценти од нефункционалните кредити отпаѓаат на компаниите што се занимаваат со трговија на големо  и мало а 9,5 отсто се на градежните компании. Дури 64,5% од износот на нефункционалните кредити на компаниите отпаѓаат на задолжувања поголеми од 1 милион евра.

„Стапката на нефункционалните кредити бележи зголемување по датумот на овој извештај и во август 2015 година се искачи на 11,9%. Ова движење речиси во целост произлегува од претпријатијата, кај коишто стапката на нефункционалните кредити достигна 16,7%“, посочуваат од Народната Банка.

Согласно со регулативата, еден од основните критериуми за стекнување нефункционален статус на оделен кредит  е задоцнувањето во неговата отплата подолго од 90 дена, објавиПорталб.

Во вториот квартал од 2015 година биле  отпишани 2,3 милиони евра, што го надминува просечниот износ на отписите направени во текот на вториот квартал во претходните четири години. Карактеристично за овој квартал е тоа што отпишаните побарувања речиси во целост се однесуваат на домаќинствата. Поголемиот износ на отпишани побарувања од домаќинствата, покрај со вообичаените причини за отпис , се поврзува и со отписот на побарувања од физички лица согласно со Законот за еднократно отпишување на долговите на граѓаните. По оваа основа се отпишани околу една четвртина од вкупните отписи на побарувања од домаќинствата.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво

Девизните резрви на крајот на јануари 4,33 милијарди евра