АНАЛИЗА: „ДОСИЕ“ – од врвот до дното, подемот и падот на македонските банки!

Од:

Тринаесет години по падот на Македонска банка, некогашна Љубљанска банка, банкарскиот систем во земјава го „тресе“ нов земјотрес, пропаѓањето на Еуростандард банка. Во тек е процесот на отворање на стечај во Еуростандард банка откако НБМ трајно ја одзеде дозволата за работа.

Затворањето на оваа банка повторно ја отвори „пандорината кутија“ – колку е стабилен банкарскиот сектор. Од Македонската банкарска асоцијација и од Комитетот за финансиска стабилност уверуваат дека системот е стабилен а солвентноста на банките висока. Следува период во кој ќе се анализираат причините и ќе се бројат штетите од колапсот на Еуростандард банка. Во изминатите две децении во земјава на скандалозен начин колабираа неколку банка а често зад пропаста се криеа мотиви за партизација на банките но и криминални сценарија. „Порталб“ хронолошки го анализира подемот и падот на македонските банки.

Алмако Банка…

Една од првите поголеми приватни банки во 90-те години. Директор на оваа банка а воедно и еден од поголемите акционери – сопственици беше Жанко Чадо, еден од поранешните министри за економија и човек кои во тие години главно беше на водечки функции во државата а беше и директор на големи компании. Падот на Алмако Банка започнува во 1999 та година, кога Народната банка, тогаш раководена од гувернерот Љубе Трпески носи решение со кое ја укинува дозволата за работа на банката и утврдува дека има услови за спроведување на стечај. Постапката на пропаѓање на оваа банка беше агонична, стечајната постапка траеше повеќе од една деценија.

Според тогашните проценки со пропаста на Алмако банка пропаднаа околу 25 милиони евра – државни пари (50 милиони германски марки). Тогашната политичка елита и остана должна на јавноста да одговори кој е виновен за пропаѓањето на банката. Одговорност никој не понесе.

Радо банка…

Мај, 2005 Народната Банка под палка на тогашниот гувернер Петар Гошев носи одлука за одземање на дозволата на Радо банка. По спроведената операција на засилен супервизорски надзор во Радо банка, НБМ констатира дека банката се соочува со неликвидност и неможност да ги извршува налозите за плаќање. Експресно е издадена наредба за блокирање на сите сметки – забранети се исплатите но не и уплатите. И пропаста на оваа банка беше скандалозна. Таа беше во сопственост на контроверзниот српски бизнисмен Јовица Стефановиќ – Нини кој влегува во банкарскиот сектор во 2002-2003 година кога ги презема Македонска банка (некогашна Љубјанска банка) и Радо банка. Во Радо банка повторно заглавија државни пари – тајванските кредити во износ од 20 – на милиони долари но и повеќе од 5 милиони евра – пари на штедачи. Во јавноста тогаш се постави прашањето дали можеше да биде избегната експресна ликвидација или можеби имаше простор НБМ да постави привремена управа за спас на банката. Билансите на Радо банка покажаа дека се издавале кредити на Методија Смиленски, тогашен транзициски бизнисмен, уште едно контроверзно име, сопственик на голем број на фирми. За дел од кредитите беше коментирано дека се „неиздржани“ – издавани без соодветни гаранции. За финансискиот и правниот хаос во банката – се уште се чекаат одговори и одговорност.

Експорт-иморт банка…

Со скандали, обвинувања за незаконско работење и со тешки последици врз голем број на фирми, во 2003 та започнува процесот на пропаѓање на Експорт-импорт банката – уште една банка од империјата на контроверзниот бизнисмен Методија Смиленски. Пропаста на оваа банка на површина ги изнесе „прљавите“ бизнис-политички мотиви а зад себе остави пустош и во голем број на фирми под контрола на Смиленски. Досието за Експорт-импорт банка заврши пред Јавното правобранителство но и во суд – освен Смиленски на 4,5 години затвор беше осуден и тогашниот гувернер Љубе Трпески кој беше обвинет дека ја злоупотребил службената положба и во својство на прв човек на НБМ издавал гаранции за кредитите што Експорт-импорт банка ги земала од странство а завршувале во фирми контролирани од Смиленски.

Трпески во 2009 беше спроведен во затворот во Идризово но по еден месец беше ослободен по укинување на пресудата од страна на Врховен суд. Како сведоци во судскиот процес против Смиленски беа повикани тогашниот премиер Никола Груевски и неговиот претходник Љубчо Георгиевски. Методија Смиленски во земјава беше екстрадиран од Србија, а беше обвинет за финансиски малверзација тешки 50 на милиони евра.

Македонска банка…

Еден од најголемите шокови на банкарскиот селектор во земјава го зададе пропаѓањето на Македонска банка – некогашна Љубљанска банка. Македонска банка беше трета по големина банка во земјава – водечка според инфраструктурата, со дури 40 експозитури во 30-тина градови. Оваа банка го преживеа распадот на тогашната ЈУ федерација но потклекна под ударот на нечистите бизнис и политичките интереси за профитерство. Контроверзиите почнуваат во 2001 та, на власт е ВМРО-ДПМНЕ а министер за финансии е Никола Грувески, кога во банката стануваат акционери истакнати партиски функционери. Банката почнува да го носи епитетот на “проблематична“. Сопственичкото престројување продолжува со влез на Јовица Стефановиќ – Нини кој за “мали“ пари во рацете добива голем капитал. Наместо заздравување – започнува процесот на пропаѓање и обезвреднување на банката. Во 2007 та година со потпис на тогашниот гувернер Петар Гошев, банката оди во ликвидација. Наодите покажуваат дека таа е заглавена со 35 милиони евра – ненаплатливи кредити. Во моментот на одземање на дозволата за работа, гада Нини поседува 80% од акциите во Македонска банка. Ова досие сеуште е “живо“, дел од граѓаните кои имале кредити раскажуваат дека преку извршители им се наплаќаат големи камати за кредити дадени од банка која не постои 13 години. За јавноста остана отворено прашањето дали за да се „сокријат“ трагите на криминални парични текови се „жртвуваше“ една од најсилните банки во земјава.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

„Во каса остана само банкнота од 100 долари“: Москва Тајмс тврди известува за недостиг на девизи во банките во Русијa

A1on

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за натамошно зајакнување на отпорноста

A1on

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

A1on

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on