Аналитичари: Велика Британија најверојатно ќе ги зголемува даноците

Од:

Велика Британија може да ги зголеми даноците за околу 84 милијарди долари ако министерот за финансии Риши Сунак сака да го пополни дефицитот во буџетот, објави Институтот за фискални анализи.

– Можно е да видиме доволно брз раст така што големите дефицити да се порамнат сами од себе, изјави Пол Џонсопн директор на Институтот. Но тоа не е главното сценарио, зголемувањето на даноците во иднина ќе биде многу веројатно, тврди тој.

Според анализа која се повикува на прогнози на Ситигруп, последиците овој пад на економијата невиден во изминатите три века, може да се полоши од анализите на Службата за буџетска одговорност дадени во ноември.

Во основното сценарио за државата, дефицитот ќе биде околу 130 милијарди фунти до средина на декадата, 30 отсто повеќе од прогнозата на Office for Budget Responsibility. Ако економијата успее да се „врати“ со помалку штета, дефицитот ќе падне до нивоа пред пандемијата од околу 50 милијарди фунти. Владата ќе земе заем од 400 милијарди фунти, околу една петтина од размерот на економијата во тековната фискална година.

– Сакаме оваа блокада да ни е последна. Напредокот треба да биде внимателен, изјави премиерот Борис Џонсон.

Пред неколку дена стана јасно дека Владата разгледува план за зголемување на даноците за технолошките компании и компаниите за онлајн трговија. Според Сандеј тајмс, Владата планира и „данок на прекумерен профит“ за компании чии приходи многу пораснале поради кризата со Ковид-19.

Буџетот треба а биде претставен на 3 март, но дотогаш не се очекува промените да влезат во сила. Според Блумберг, можно е тие да бидат одобрени подоцна.

Би можело да ве интересира

Британската полиција уапси петмина осомничени за тероризам

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Британски полицаец две децении силувал и злоставувал жени

Катерина Ѓуровски