Ново истражување открива дека наместо заштеда, Американските граѓани кои се префрлиле да работат од дома наместо од канцеларија, потрошиле повеќе пари минатиот месец. Сметките за намирници и за комунални услуги значително се зголемиле, но трошењето за работи како ресторани, гас и облека опаднало само малку, покажува истражувањето на CreditCards.com.
Анкетата направена на 21 и 22 мај, врз 2.768 возрасни, вклучувајќи 822 Американци кои работат или работеле од дома за време пандемијата, покажува дека промените се забележани кај луѓе кои живеат на североистокот од земјата и кај домаќинствата со пониски приходи.
Разликите според возрасната група се најневообичаени – родените во периодот 1965 – 1979 во просек трошеле два долара помалку месечно, а „бејби-бумерите“ (родени 1946—1964 год.) трошеле 24 долари помалку месечно. „Миленијалците“ трошеле дополнителни 208 долари месечно.
„Бидејќи се очекува повеќе луѓе да продолжат да работат од дома во блиска иднина, зголеменото трошење – со повеќе одење кон продавнции за храна и помалку кон ресторани – би можело да биде тренд што ќе се одржи, вели Тед Росман,“ аналитичар во КредитКардс.
Вкупно 82 проценти од луѓето кои биле принудени да работат од дома би сакале да продолжат со тоа најмалку два дена неделно откако ќе бидат укинати ограничувањата.
Истражувањето се фокусира само на „основните“ артикли и ги исклучува забавата, спортските настани и алкохолот.