Амазон во САД вработува 100.000 работници заради коронавирусот

Од:

Амазон вчера соопшти дека во САД ќе вработи 100.000 работници, магационери и доставувачи заради зголемените онлајн нарачки, пренесе агенцијата Хина.

Заради епидемијата на коронавирусот американските потрошувачи ги запоседнаа трговските центри и ги испразнија полиците со прехранбени и хигиенски потреби.

Испразнетите полици и стравот од нови построги мерки заради сузбивање на епидемијата од коронавирус, многумина Американци присили помош да побараат преку Интернет, односно компаниите за онлајн тргувања, каква што е и Амазон.

Амазон е една од компаниите најголеми работодавачи во САД, но бројот на работници сезонски варира. Во последниот квартал од минатата година, кога се разгоре божиќната потрошувачка, во неа имало 798.000 вработени, од кои дел биле вработени на одредено време, пренесе Хина.

Би можело да ве интересира

Хаос во најава: Вработените во Амазон ќе штрајкуваат на црн петок

Орце Костов

Поглавар од Амазон: Реките пресушуваат, температурите се високи и има малку дожд

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Шулце: Германија ќе вложи 222 милиони долари за заштита на амазонската прашума

„Амазон“ затвора три магацини во Велика Британија, ќе отпушти 1.200 вработени

А1он

Амазон планира да отпушти повеќе од 18.000 работници