Амазон со најголема празнична продажба, но сепак помала од очекувањата

Од:

Фирмата Амазон планира сериозни инвестиции во подобрување на своите складишта и продукција на повеќе видео содржини, што влијаеше врз цената на акциите на компанијата, кои паднаа за повеќе од 4 отсто.

Гигантот во интернет продажба Амазон потфрли во однос на процените на аналитичарите во приходите остварни за време на празничната сезона.

Комапнијата, која што моментално низ целиот свет вработува повеќе од 300.000 луѓе, во четвртокот објави дека во четвртиот квартал од минатата година забележала приходи од 43,7 милијарди долари, што е за 22 отсто повеќе него во истиот период од пред-минатата година.

Аналитичарите сепак очекуваа повисоки приходи од продажба, а претпоставките се беа дека тоа ќе биде околу 45 милијарди долари, откако Амазон објави дека ова било најдобрата празнична сезона.

Во минатата година продажбата на фирмата пораснала за 27 отсто, на 136 милијарди долари, со што пораснала и нето добивката од 596 милиони на 2,4 милијарди долари.

Амазон проценува дека оперативниот профит во првото тромесечје од оваа година ќе изеснува меѓу 250 и 900 милиони долари, во однос на 1,1 милијарди минатата година.

Фирмата има инвестира во унапредување на логистиката, како и на ширење на претплатничкиот канал за видео содржини Амазон Прајм Видео.

„Амазон се наоѓа во процес на големо ширење на својата логистика и инфраструктура, што започна во средината на 2016. година и ќе продолжи во текот на оваа година. Ги зголемивме нашите капацитети за 40 отсто, значајно инвестиравме во бизнисот во Индија и ја проширивмо брзорастечката ‘клау’ платворма Амазон Веб Сервисес“ изјави Мартин Гарнер, аналитичар од консултантската куќа CCS Insight.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Амазон ги лансираше првите сателити, ќе му прави конкуренција на Старлинк на Маск

„Амазон“ затвора три магацини во Велика Британија, ќе отпушти 1.200 вработени

А1он

Околу 10.000 вработени во Амазон ќе добијат отказ

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Штрајк на вработени во Амазон во Германија

Италијанскиот пазарен регулатор го казни Амазон со 1,13 милијарди евра

Амазон прекинува да прифаќа плаќања со Visa кредитни картички од Британија

Ана Ололовска