Алијанса за Албанција со предлози за ублажување на енергетската криза

Од:

Гледајќи ја тешката енергетска и економска состојба во државата, како и недостигот на волја и способност за тоа, Владата да се соочи со кризата, Алијанса за Албанците состави конкретни мерки кои можат да ја ублажат состојбата која се влошува. Во изминатиот период неколку пати дававме предлози кои понекогаш беа одбиени, а понекогаш прифатени со задоцнување, но ја повикуваме Владата барем навреме да реагира за доброто на граѓаните и државата порачуваат од партијата.

Во продолжение целосната листа на предлози на АА:

– сите основни, средни училишта, факултети, како и други образовни институции да се снабдуваат со електрична енергија од снабдувачот на универзална услуга, а не на слободниот пазар или дури во најлош случај од снабдувачот во краен случај.

– сите болници, здравствени установи и оние за социјална заштита и за стари лица, Алијанса за Албанците предлага да се снабдуваат со електрична енергија од снабдувачот на универзална услуга, без разлика на критериумите кои се поставени да се снабдуваат на слободниот пазар или во најлош случај од снабдувачот во краен случај.

– Јавното осветлување на локалната самоуправа (општините), општинските и државните претпријатија во тешка финансиска состојба, исто така, да се снабдуваат со електрична енергија од снабдувачот на универзална услуга.
Денеска сме сведоци дека за истата услуга, односно за јавното осветлување, некои општини се снабдуваат со струја од снабдувачот на универзална услуга, некои од снабдувачот на слободниот пазар и дел од снабдувачот во краен случај. Оваа неправда и навредлива мерка што се применува преку владините критериуми треба да престане и на сите општини да им се овозможи за јавното осветлување да можат да се снабдуваат со електрична енергија само од снабдувачот на универзална услуга.

– јаслите, градинките, училишните и студентските домови, бидејќи спаѓаат во семејната категорија за наплата на потрошена електрична енергија, кадешто сега се применуваат тарифни појаси (блокови), а истите наскоро ќе преминат во четвртиот опсег кадешто цената е поскапа и од онаа што се применува за категоријата индустриски потрошувачи, Алијанса за Албанците бара за овие субјекти да се применат промени во сегашниот тарифен систем и да се одобри нова потрошувачка категорија кадешто ќе се применува само еден тарифен опсег (блок) и цената да биде на разумни нивоа, поконкретно таа што е актуелна во второто ниво од категоријата семејни потрошувачи кадешто цената е 8,06 денари (распределба + снабдување).

– за економските гиганти и големите компании, Алијанса за Албанците ја повикува Владата да го координира со овие субјекти работното време кога имаме вишок на струја, вишок кој не треба да се продава по јавни набавки, туку истото да им се понуди на овие субјекти по поповолни цени од оние што ги нудат енергетските оператори на либералниот пазар. Исто така да се разгледа и можноста за ставање во целосна ефикасност на сите енергетски постројки во земјава како и пуштање во употреба алтернативни постројки за производство на електрична енергија, со цел да се понуди дел од ова производство по разумни референтни цени на овие компании.

-како антикризна мерка предлагаме Владата да помогне со пакети со финансиска помош за сите органи во централната и локалната власт коишто се во тешка финансиска состојба, со цел за справување со оваа критична и неповолна состојба.

– и во текот на 2023 година за делот од ДДВ (данок на додадена вредност) за потрошувачите домаќинства за потрошената електрична енергија, Алијанса за Албанците предлага да продолжи да се применува повластената стапка од 5%, додека за категоријата индустриски потрошувачи да се овозможи намалување на мерка од сегашните 18% до оние од 10%.

– за стопанските и комерцијални субјекти кои инвестираат во фотоволтаични централи за лична потрошувачка, и предлагаме на Владата на овие субјекти да им ја надомести вредноста на данокот на додадена вредност (ДДВ) извршен за оваа инвестиција.

– за семејните потрошувачи кои инвестираат во фотоволтаични централи за лична потрошувачка, Алијанса за Албанците и предлага на Владата да ја надомести вредноста на банкарската камата (камата) за банкарскиот кредит добиен за оваа инвестиција, додека за оние семејни потрошувачи кои инвестирале во Фотоволтаични централи од нивните заштеди, Владата да им врати 18% од вредноста направена за оваа инвестиција.

Ја повикуваме Владата на РСМ, колку што е возможно поскоро, да ги земе предвид овие конкретни предлози со цел да се ублажат негативните ефекти и последиците со кои се соочуваат овие економски и социјални субјекти за време на оваа економска и енергетска криза. Во спротивно Владата ќе биде директно одговорна за секоја последица и нема да може да се крие зад светската криза и светските берзи.

Би можело да ве интересира

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Алијанса за Албанците: Арбен Таравари или е лошо информиран или е во потполна заблуда

АА: На кого и зошто му пречи директорот Халит Ферати?

(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој

Алијансата за Албанците: Хакирани сме од злонамерници

Реагира крилото на Таравари: конгресот на групата незадоволници е незаконски и нестатутарен

Катерина Ѓуровски