„Албпетрол“ продадена за 850 милиони евра

Од:

Американската компанија „Ветро енерџи” за 850 милиони евра ја купи албанската државна компанија за производство и преработка на нафта „Албпетрол”, јави дописникот на Макфакс.

Претседателот на Комисијата за организирање на тендерот Сокол Дервишај, инаку заменик министер за енергетика во албанската влада, информираше дека понудата на „Ветро енерџи” има добиено дури 97,7 отсто од потребните бодови.

Според него, меѓународната консултантска компанија „Патлон богс” оценила дека оваа понуда е најприфатлива, во споредба со други три понуди на компании од Кина, Русија и други држави.

Дервишај појасни дека банкарската гаранција на Американците во висина од 20 отсто од понудената цена, ја има во Американската банка.

Во рок од пет дена се очекува да биде потпишан и договорот за продажба на „Албпетрол” на „Ветро енерџи”.

„Албпетрол” е последната стратешка државна компанија која ја приватизираше владата на Сали Бериша.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски