Албански тур-оператори во посета на Македонија

Од:

Тур-оператори од Албанија се во посета на Македонија. Целта е запознавање со туристичките понуди и атракции кои земјава ги нуди, со акцент на ловниот туризам, спортски риболов и планинскиот туризам.

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот соопшти дека во тек на студискиот престој, албанските туропетатори од денеска до петок ќе посетат повеќе локации и туристички центри, главно од регионот на Охрид (Свети Наум, Националниот парк Галичица и Билјанини Извори), Маврово (Национален Парк, реката Радика и село Јанче) и Скопје (Ловниот резерват Јасен и Кањонот Матка).

Тие ќе имаат можност да се сретнат и да разменат искуства со колегите од Македонија, здружението на ловци и спортски риболов, како и да дегустираат традиционална храна и пијалоци.

Посетата на тур операторите од Албанија, станува традиционална и има за цел да го зголеми интересот на туристите за планинскиот туризам, лов и спортски риболов во Република Македонија, како и да ги прошири можностите за економска соработка меѓу двете земји.Ја организира Агенција за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија во соработка со Унијата на тур оператори на Албанија (УТОА) и Албанската асоцијација за туризам (ААТ).

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска