Албанската Влада инкасирала 475 милијарди лека за 10 месеци, влијаело поскапувањето

Од:

Високата инфлација донела повеќе пари во државниот буџет на Албанија, потврдуваат податоците на Министерството за финансии, според кои во периодот јануари-октомври се собрани 475 милијарди лека (околу 4 милијарди евра) или 60,6 милијарди лека повеќе, споредено со истиот период минатата година.

На растот на приходите влијае и растот на цените, бидејќи само ДДВ-то на увозот за десет месеци изнесува 128,9 милијарди, што е зголемување за 25,4 милијарди лека во однос и истиот период лани.

Исто така и приходите на име акциза се остварени во износ од 43,9 милијарди лека или 1,5 милијарди повеќе од 2021 година.

Според податоците на Министерството за финансии, приходите од данокот на добивка се во износ од 36,7 милијарди лека или 34,3 отсто повеќе во однос на споредбениот период.

Но, показателите за јавните инвестиции се различни. Според Министерството јавните инвестиции бележат помала реализација за околу 30,6 отсто во однос на пред една година.

Државниот буџет има постигнато најдобри показатели во последните години во однос на наплатата. Но, според експертите, доколку инфлацијата се стабилизира, првото нешто каде што ќе се нанесе удар ќе биде државната каса.

Во текот на месец октомври, инфлацијата во земјата достигна 8,3 отсто што е највисока забележана по повеќе од две децении. Прогнозите според Централна банката на Албанија се дека високото ниво на инфлација ќе продолжи и во последните два месеца од годинава.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он