Албанската економија во криза, инфлацијата падна на 0,2 проценти

Од:

Економската состојба во Албанија бележи уште еден негативен показател. Податоците од Институтот за статистика, ИНСТАТ потврдуваат дека во месец февруари забележана е инфлација од 0,2 проценти наспроти 2,3 проценти пред една година.

Според економските експерти тоа говори дека потрошувачката е во една длабока криза. Граѓаните се жалат околу цените и велат дека купуваат само она што е најнеопходно за живот, јавува дописникот на МИА од Тирана.

– Инфлацијата од 0,2 проценти е на најниско ниво во последните тринаесет години. Без оглед на сите олеснувања кои се преземени од Централна банка се чини дека ефектите не се позитивни. Една од главните причини за падот на инфлцијата е слабата потрошувачка во време кога цените се во постојан раст, како последица на недостигот на баланс меѓу побарувачката и понудата, пренесува тиранската телевизија Ора њус.

Во задржувањето на ниското ниво на инфлацијата според експертите влијаат и релативно ниските цени на светските пазари, главно на нафтата и минералите.

Споредено со месец август 2015 година, најголем пораст на цените е забележан кај групата „образовни услуги“, па во групата „алкохолни пијалаци и тутун“, групата „храна и безалкохолни појалаци“ и.т.н.Во групата на храна во подргупата „овошје“ цените се зголемиле за 27,8%, додека во подгрупата „зеленчук“ 9,6%. Ова е последица на недостигот на домашно прозводство, фактор кој се повторува секоја зима.

– Силниот пад на инфлацијата е потврда за падот на потошувачката, сиромаштијата на албанските граѓани и загубата на довербата во економијата. Потребни се ургентни мерки за спречување на дефлација: пуштање во оптек пари од страна на Централна банка или намалување на даноците од страна на владата, смета познатиот економски експерт Адриан Цивици.

Според него во случај на дефлација, бизнисите и граѓаните ќе преживеат големи последици, додека економијата ќе западне во таква состојба од која тешко ќе може да излезе.

Централна банка, од друга страна, наведува дека албанската економија не е во дефлација ни пак во опасност од тоа. Банката додава дека внимателно ја набљудува ситуацијата и доколку инфлацијата не се врати на планираното ниво, тогаш ќе се интервенира во монетарната политика.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек